7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

Сите ја чувствуваме предновогодишната атмосфера и со нетрпение чекаме да ги прославиме божиќните празници. Во целата таа еуфорија лесно е да се претера и да се заборави дека понекогаш стануваме досадни со сите тие објави на социјалните мрежи поврзани со празниците. Можеби мислите дека е симпатично тоа што целата јавност на Фејсбук го знае буквално секој ваш новогодишен украс, но за луѓето тоа не е интересно. Ова се 7-те работи што не треба да ги објавувате периодов…

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

1. Вашата листа на новогодишни желби

Освен ако Дедо Мраз не ве следи на Инстаграм, нема потреба другите ваши следбеници да знаат дека оваа година сакате боенка за возрасни или шолја за кафе со мотиви од „Војна на ѕвездите“.

2. Сите подароци што сте ги добиле

Супер е тоа што сте добиле Ајфон 7, брендирана чанта и свилена марама. Сите се радуваме за вас, но поентата на празниците не е да се фалите со вашите подароци.

3. Вашата новогодишна елка

Можеби сте потрошиле многу време за да ја накитите и навистина се гордеете со неа, но тажната вистина е дека на пошироката јавност сите новогодишни елки ѝ изгледаат исто.

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

4. Инспиративен божиќен цитат… освен ако не е урнебесно смешен

Сите знаеме дека ова е период на нови почетоци, промени и поминување време со најблиските. Навистина не мора да ги потсетувате на тоа вашите пријатели на Фејсбук со некои инспиративни цитати што сте ги нашле на Интернет. Реалноста е дека сите тие се веќе видени. Наместо тоа, смислете некоја оригинална новогодишна шега и насмејте го вашиот виртуелен свет.

5. Претерано многу хаштагови

Ова се однесува на цела година, но хаштаговите од типот #новагодина #празници #подароци #дедомраз #божиќ #елка, навистина се здодевни. Одберете два-три и продолжете со животот.

6. Фотографија од вас со новогодишна капа

Ова и не е толку страшно, но гарантираме дека Фејсбук и Инстаграм ќе бидат преплавени со селфиња од Дедо Мразовци и Баба Мразици. Бидете малку пооригинални и издвојте се од останатите.

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

7. Фотографија од вашиот миленик со новогодишна капа

Мислите дека не можете да погрешите доколку објавите каква било фотографија од вашиот миленик? Генерално, фотографиите со новогодишни капи се здодевни, без разлика колку е слатко вашето куче или маче. Освен ако не чувате тарантула. Новогодишна капа на тарантула звучи забавно.

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар