7 причини зошто никогаш не треба да се срамите од вашите облини

Најпрво од сè, вие треба да го прифатите вашето тело и да бидете горди на себе, без разлика дали имате облини или не. Ако вашето тело има тенденција да има облини, тоа е сосема во ред. Вие треба да престанете да бидете толку строги кон себе и да научите да го сакате секој сантиметар од вашето тело. Внатрешната самодоверба и среќната душа се многу поубави отколку каква било надворешност. Не постои идеално тело, но дефинитивно постојат неколку причини зошто треба да престанете да се срамите од вашите облини.

7 причини зошто никогаш не треба да се срамите од вашите облини

1. Фигура како песочен часовник

Докажано е дека едни од најпосакуваните женски тела се оние со фигура на песочен часовник. Мажите ги обожаваат, жените ги сакаат. Оваа фигура не ве прави ниту премногу слаби, ниту премногу дебели, туку доволно секси за да мамите погледи и да бидете ценети според својот изглед. Бидете горди на вашите облини!

2. Забава на подиумот

Дури и да не сте одлични танчарки, секој пат кога ќе излезете на подиумот и ќе почнете да танцувате, вие ќе привлекувате внимание. Доволно е само малку да се движите така што ќе ги тресете колковите и ќе ги мрдате нозете и во очите на другите вие ќе изгледате како одлично да танцувате. Благодарение на вашите облини.

3. Заштита од повреди

Без разлика колку сте несмасни и колку често ви се случува да паѓате, вие не мора да се грижите дека ќе скршите рака или нога бидејќи имате „вишок“ кој ве заштитува од повреди. Гледајте на вашите облини како на најголемата заштита од светот и неговите ѕверства. Или пак, гледајте на нештата на малку поинаков начин. Ако навистина сте многу несмасни и бевте премногу слаби, досега сигурно ќе имавте скршено барем една коска.

4. Секси облека

Фармерките можат да изгледаат добро и кога не ви се широки, туку совршено одговараат на колковите, бутините и нозете, исцртувајќи го вашето тело. Фустанот исто така може да изгледа одлично на вашето тело, доколку е со соодветна должина и големина. Најважно од сè, ако паѓа долж вашите облини, вие ќе изгледате неверојатно. Покажувањето на вашето тело преку елеганција е суптилна уметност која само жените со стил ја имаат совладано. Бидете среќни за вашите облини.

5. Висока самодоверба

Самодовербата ја дефинира личноста и начинот на кој таа дејствува во животот. Кога имате висока самодоверба, вие помалку се грижите за оние нешта кои луѓето ги мислат, бидејќи знаете дека сте силни внатрешно. Луѓето многу повеќе ги привлекуваат оние кои веруваат во себе и го сакаат своето тело, без разлика на неговата форма. Време е да ги прифатите вашите облини и да се прикажете во вистинското светло.

6. Поголема романтична среќа

Доколку го прифатите вашето тело, тоа без сомнение ќе го подобри и вашиот љубовен живот. Истиот момент кога ќе престанете да се срамите од него, вие ќе почнете да се чувствувате посреќно со себе, но и со личноста покрај вас. Вашиот нов позитивен став ќе го импресионира партнерот и тој без сомнение уште повеќе ќе ги засака вашите облини.

7. Љубов кон себе

Вие најпрво треба самите да се сакате, а потоа да му дадете шанса на некој друг да ве засака. Тоа е крајната линија. Вашата смисла за хумор, интелигенција, па и целиот живот се многу поголеми од некое екстра вишок кило. Ако ги имате сите овие нешта, ако сте грижлива и интересна личност, зарем навистина мислите дека некој ќе се фокусира само на вашето тело? Без разлика што велат другите, многу е поважно тоа што го имате внатре. Токму затоа одвојте ги оние нешта кои најмногу ви значат и престанете да се грижите за другото. Пред сè, сакајте го вашето тело и душа. На тој начин ќе им дозволите и на другите да ве засакаат.

И за крај, потсетете се на една мудра мисла од добро познатата девојка со облини, Мерлин Монро:

„До сите оние девојки кои мислат дека се дебели само затоа што не носат XXS, вие сте прекрасни, општеството е она кое е грдо.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар