7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Ах, секс. Според истражувањата, редовните сексуални односи можат да ви го подобрат имунитетот, да ви го намалат крвниот притисок и да ви помогнат полесно да се ослободите од стресот. Но, што се случува кога ќе западнете во „сушен“ период? Погледнете ги следниве 7 нешта кои им се случуваат само на оние кои немале секс подолго време.

1. Со месеци не сте биле на депилација или не сте го искористиле бричот

(1) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Која е целта да го губите своето време на отстранување влакна кога однапред знаете дека никој нема во брзо време да го забележи тоа? Понекогаш дури и размислувате дека доколку ненадејно се најдете во ситуација да имате секс, ќе се оправдате со „модата“ која според вас вели дека срамните влакненца се повторно во тренд.

2. Добивате неочекувани сексуални потреби во најнесоодветни ситуации

(2) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Кога подолго време сте немале секс, вие почнувате да искусувате неконтролирани потреби за секс. Еден минута го мразите сексот и не сакате никогаш повторно да допрете друго човечко суштество, додека следниот момент би го направиле тоа дури и со колегата или колешката кои сите ги избегнуваат бидејќи имаат лоши хигиенски навики.

3. Чувствувате анксиозност кога ќе помислите на секс

(3) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Ако подолго време сте немале секс, не можете да не се запрашате дали сè уште знаете како да го направите тоа. Вие почнувате да се грижите дека вашиот иден партнер или партнерка ќе го осудуваат вашиот перформанс или пак, дека ќе се засрамите некако во текот на односот.

4. Ве возбудуваат чудни нешта

(4) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Дури и обичните секојдневни нешта почнуваат да ви стануваат неверојатно сексуални. Девојката која јаде банана карши вас и изгледа како да води лично секси шоу или пак, колегата кој го собува своето палто како да игра стриптиз. Едноставно не можете да предвидите кога следен пат ќе се случи ова, па постојано сте на штрек – исто како во средно училиште!

5. Постојано ги прашувате вашите пријатели за нивниот сексуален живот

(5) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

И барате детали, бидејќи тоа е единствениот начин да бидете во допир со некаков вид сексуален однос. Но, имајте на ум дека со ова однесување можеби ги поставувате вашите пријатели во непријатна ситуација од која ништо добро не може да излезе.

6. Чувствувате дека мора да лажете за кога бил последниот пат кога сте имале секс

(6) 7 нешта кои можат да ги разберат само оние кои подолго време немале секс

Кога ќе ве прашаат, вашиот одговор најверојатно секогаш е 2, 3 месеци иако пред тие 2, 3 месеци сте го кажале истото. Во вашите мисли се појавува нерационален страв дека другите ќе ве доживуваат како неспособни или како нешто да не е во ред со вас доколку не сте имале секс подолго време. Но, не грижете, овие мисли најчесто живеат само во вашата глава.

7. Сте ја совладале уметноста на мастурбацијата

(7) 7-neshta-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-onie-koi-podolgo-vreme-nemale-seks-www.kafepauza.mk

Вие слободно можете да ги побиете сите оние „истражувања“ кои тврдат дека честото мастурбирање може да има негативни ефекти врз луѓето. Со оглед на тоа колку често ви се случува, вие сте спремни и да се предадете себеси на науката со цел да направат ново истражување според вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар