7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

На сите ни се познати тестовите за интелигенција кои содржат 40 стандардизирани прашања за да го одредат нашиот коефициент на интелигенција. Но, постојат и други начини да дознаете дали сте генијалци. Тестирајте ги вашите детективски способности со помош на следниве неколку загатки што само малкумина можат да ги решат…

1. Бегство од затвор

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Џек се наоѓа во ќелија со валкан под каде што има само еден прозорец поставен толку високо што никој не може да го достигне. Во ќелијата нема ништо друго освен една лопата. Внатре е суво и жешко, но Џек нема да добие храна и вода наскоро. Му остануваат само 2 дена да избега од затворот, во спротивно ќе умре.

Копањето тунел не е опција бидејќи за тоа ќе му требаат повеќе од 2 дена. Како ќе може Џек да избега од ќелијата?

  • Одговор

    Џек ја искористил лопатата за да направи куп земја под прозорецот, се качил на него и избегал од ќелијата.

2. Украдено ланче

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

Госпоѓа Смит отишла во полиција за да пријави дека исчезнало нејзиното винтиџ ланче. Кога полицијата пристигнала, немало знаци на обивање. Само прозорецот бил скршен. Куќата била во хаос и имало валкани отпечатоци од стапала насекаде на подот.

Наредниот ден, госпоѓа Смит била уапсена за измама. Зошто?

  • Одговор

    Полицијата била сигурна дека госпоѓа Смит ги излажала, бидејќи прозорецот бил скршен однатре. Да бил скршен однадвор, би имало парчиња стакло на подот во собата.

3. Убиство во училиште

7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат

На првиот ден од учебната година, бил убиен професорот по географија. Полицијата имала 4 осомничени: Градинарот, професорот по математика, тренерот и директорот на училиштето. Сите имале алиби.

  • Градинарот ги кастрел грмушките.
  • Професорот по математика го одржувал полугодишниот тест.
  • Тренерот играл кошарка.
  • Директорот бил во неговата канцеларија.

Веднаш бил уапсен убиецот. Кој го убил професорот по географија и како полицијата ја решила мистеријата?

  • Одговор

    Убиецот е професорот по математика. Според неговата изјава, тој одржувал полугодишен тест, но убиството се случило на првиот училиштен ден.

Продолжете на следната страница за останатите детективски загатки…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар