7 лични карактеристики што ги мрази речиси секој

Сосема нормално е да не ви се допаѓа некој. Луѓето отсекогаш требало да чувствуваат сомнеж кон странците со цел да преживеат. Денес преживувањето не е проблем, но речиси секој познава личност која поради некоја причина воопшто не ја сака. Па, што е проблемот со луѓето што ги мразиме? Во продолжение погледнете кои се личните карактеристики што ги мрази речиси секој.

7 лични карактеристики што ги мрази речиси секој

1. Претеран алтруизам

Добрината е особина што ја ценат сите, но понекогаш луѓето се толку добри и им угодуваат на другите што може да бидат досадни. Ако секогаш сте добри и подготвени да помогнете, без разлика по која цена, луѓето ќе почнат да се сомневаат во вас. Истражувањата покажале дека луѓето ја мразат и претераната себичност, но и претераната дарежливост. Ова не значи дека сите ние сме неблагодарни, туку дека претераната добрина нè тера да се прашуваме што сака таа личност или дали можеби има некој скриен мотив. Покрај тоа, никој не сака да изгледа како полошата личност кога е споредуван со претерано добра личност.

2. Неписменост

Потешко е да им верувате на луѓето кои често прават грешки во пишувањето. Без разлика колку сте добри и учтиви во реалниот живот, неколку печатни или граматички грешки во вашите пораки можат да сменат нечие мислење за вас. Ако пак вие ги оценувате другите во зависност од грешките во пишувањето, научниците сметаат дека најверојатно сте интроверт. Неписменоста најмногу ги иритира интровертите, а доколку не обрнувате внимание на тоа, веројатно сте екстроверт.

Но важно е да работите на вашата писменост и образование и тоа не само за да направите другите да ве сакаат. Според неколку интернационални образовни организации, нивото на интелигенција има важна улога во успехот и богатството на една личност.

3. Фалење за познанства

Никој не сака фалбаџии, особено не луѓе кои постојано нагласуваат дека познаваат славни личности. Научниците од Швајцарија откриле дека фалењето за познанствата со познати луѓе нема никаков позитивен ефект. Важи токму спротивното – колку повеќе зборувате за вашите познати „пријатели“, толку помалку ви веруваат луѓето. Најчесто тие сметаат дека се обидувате да манипулирате со нив на овој начин

4. Ѕвезди на социјалните мрежи

Профилите на социјалните мрежи им кажуваат многу на потенцијалните работодавци и другите луѓе за некоја личност. Социолозите и психолозите решиле да го истражуваат овој проблем и откриле неколку нешта што можат да ви ја нарушат репутацијата.

  • Премногу фотографии: Постојат луѓе кои го документираат секој момент од нивните животи на социјалните мрежи. Често овие луѓе се третирани со сомнеж.
  • Премногу пријатели: По правило, луѓето не им веруваат на личностите кои имаат илјадници пријатели или следбеници, најмногу бидејќи остават впечаток дека популарноста на социјалните мрежи им е најважното нешто. Научниците откриле дека „прифатливиот“ број на онлајн пријатели е околу 338.

5. Премногу среќна личност

Веруваме дека насмевката може да предизвика само позитивни емоции, но изгледа дека луѓето со преширока насмевка им сметаат на другите. Според психолозите, претераната среќа може да направи да не му се допаднете на некого. Луѓето кои се премногу среќни и задоволни изгледаат наивно, па дури и неуко. Покрај тоа ако сте постојано позитивни и расположени, можно е да завршите со најтешките обврски. Бидејќи другите ќе мислат дека не сте многу паметни, ќе се обидат да ви ги наметнат потешките задачи со претпоставка дека нема да ги одбиете.

6. Тешки имиња

Понекогаш не мора да направите ништо за да не му се допаднете некому – вашето име ќе ви помогне во тоа. 5 истражувања покажале дека луѓето со подолги и потешки имиња често се судени негативно, додека луѓето со едноставни имиња биле поуспешни и попочитувани. Па која е причината за ова? Нашите мозоци секогаш ги третираат новите и необични нешта со сомнеж. Ако нечие име е предолго или чудно, личноста автоматски станува сомнителна. Се разбира, ова се случува потсвесно. Можеби имате забележано и дека многу познати личности одбираат пократко име што го користат во јавноста.

7. Претерана срамежливост

Луѓето не ги сакаат оние кои постојно се критикуваат. Додека се обидуваат да остават добар впечаток кај нови пријатели или работодавци, луѓето го прикриваат фалењето со критикување. По правило, овие трикови не остануваат незабележани. На пример, замислете си дека на интервју на работа ви поставиле прашања за вашите слабости. Следниве одговори се погрешни:

  • Перфекционист сум. Не можам да спијам ако треба да завршам нешто.
  • Воркохолик сум, работните денови и викендите ми се исти.

Никој нема да поверува во овие зборови. Лажната срамежливост има лошо влијание на вашата репутација бидејќи изгледате како неискрена личност.

Знаете ли кои се психопатските карактеристики кои всушност се корисни во работата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар