7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

Сите ние ги мразиме денешните клишеа кои се вртат за женското и машкото тело. Мора да сме слаби, мора да сме витки, мора ова да јадеме, мора тоа да вежбаме… Навистина, убавината не е во физичкиот изглед. Но тргајќи ги настрана сите тие правила кои ни ги наметнува искомплексираното општество во кое живееме, факт е дека грижата за сопственото тело е неопходна. Телото е нашиот храм. Грижејќи се да биде здраво и силно, ние се грижиме за себе, за нашето добро, си овозможуваме подолг и посреќен живот.

И ако диетата е нешто што не секој може да го издржи, за физичките вежби не постои изговор. Замислете какво е чувството да имате тело кое е во одлична форма? Убаво, нели? А сега помислете колку тоа ќе ви ја подигне самодовербата и ќе направи да се чувствувате убаво. Ќе се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, ќе се чувствувате здрави и силни, подготвени за нови предизвици. А сè што некогаш ви е потребно е само малку инспирација…

(1)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mk

„Бидете упорни и секоја цел кон поздраво утре ќе ви стане автоматска и несвесна навика.“

„Дали знаете дека два од најзначајните знаци на здраво стареење се силината на стисокот на раката и способноста да станете од земја без да ги употребите рацете? Затоа ве молам, спуштете ги настрана бебешките тегови и започнете посериозно да ги предизвикувате своите мускули.“

„Мојот број 1 совет за намалување на стресот е всушност да конзумирате што помалку информации. Не ви се потребни повеќе информации, потребни ви се вистинските информации.“

„За да живеете долг и здрав живот:

  • Најдете нешто што го сакате и целете кон тоа.
  • Јадете повеќе зелени работи и помалку шеќер.
  • Движете се повеќе, спијте повеќе, дишете повеќе.“

(2)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mk

„Ако немате ништо убаво да си кажете себеси, тогаш воопшто не зборувајте ништо. Цврсто верувам дека негативното зборување за самите себе предизвикува побрзо стареење.“

„Две навики на кои мора веднаш да им ставите крај: пушењето и пиењето. Тие се двете најштетни активности за вашето здравје. И двете ја зголемуваат штетата од слободните радикали во вашето тело која директно го забрзува процесот на стареење. Пушењето треба да биде забрането, нема никакви искупувачки квалитети. А ако мора да пиете, ве молам придржувајте се до мерката: не повеќе од 3 пијачки неделно. Верувајте ми, вашиот мозок и вашиот црн дроб ќе ви бидат благодарни.“

„Како да си го вратите назад вашиот талисман? Видете, ние луѓето сме организми кои постојано одат кон некоја цел. Кога ќе си поставите моќна цел, па дури и мала, вашиот мозок ќе стане опседнат, туркајќи ве кон постигнување на таа цел. Денес, напишете една цел на хартија. Наведете датум и ставете ја некаде каде ќе можете да ја видите во секое време. Вашите зборови ќе ви служат како полнач и потсетник дека работите кон остварување на инспиративна крајна цел.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар