7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Членовите на кралското семејство се навикнати да го добиваат најдоброто од сè. Јадат во најдобрите ресторани, ја носат најубавата облека, имаат прекрасни домови и уживаат во луксузот. Па, ако сакате да се чувствувате како нив, пробајте некоја од овие активности кога ќе бидете во Лондон.

1. Средете ја косата во Richard Ward

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Која девојка не сонува за коса како на Кејт Мидлтон? Во Лондон можете да го посетите нејзиното омилено фризерско студио. Студиото се наоѓа во Челси и се вика Richard Ward. Ова задоволство ќе ве чини 26 евра.

2. Посетете ја турата „Најдоброто од кралскиот Лондон“

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Оваа 4-часовна тура ви дава ексклузивен пристап до сите знаменитости кои ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство. Турата започнува рано наутро со цел да се избегне гужвата во Лондон. Ќе имате ВИП пристап до Лондонската кула, вклучувајќи ја и церемонијата за отворање, ќе ги видите кралските скапоцени камења, ќе одите на крстарење по Темза и ќе можете да ја гледате церемонијата на размена на чуварите од Бакингемската палата.

3. Лутајте низ палатата Кенсингтон

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Можеби нема да прошетате низ дневната соба на принцот Вилијам, но одредени делови од палатата се отворени за јавноста. Слушнете ги приказните за кралицата Викторија, играјте игри и разгледајте ги прекрасните фустани на принцезата Дијана.

4. Јадете во омилениот ресторан на Меган Маркл

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

За да се чувствувате како дел од кралското семејство, морате и да се храните како нив. Омилениот ресторан на Меган Маркл е Bocca di Lupo, мал италијански ресторан кој има свежи состојки и вино од 20 различни региони. Храната целосно се подготвува во ресторанот или се увезува директно од Италија. Кралицата Елизабета, од друга страна, не сака да ја напушта палатата за оброци, но кога го прави тоа ужива во ресторанот The Ivy. Ресторанот постои од 1917-та година.

5. Уживајте со коктел во хотелот The Goring

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Војвотката Кејт била сместена во овој хотел со 5 ѕвездички ноќта пред нејзината венчавка, а се појавила и на неговиот 105-ти роденден. Ќе се чувствувате како вистински член на кралското семејство со попладневниот чај или некој коктел. Ако имате повеќе пари за трошење, можете да ја закажете и кралската соба.

6. Одете на шопинг на улицата Кенсингтон

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Можеби немате кралски буџет, но тоа не треба да ве спречи. За да се чувствувате како Кејт Мидлтон, посетете ја улицата Кенсингтон и регионот Челси. Голема е веројатноста да налетате на член на кралското семејство во продавници како TopShop, Zara, Home, L.K. Bennett, Hobbs и Jeager. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот често носат облека од бутиците за деца Amaia и Blue Almonds.

7. Изгледајте перформанс во Кралската оперска куќа

7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

Облечете го најдобриот фустан или одело и уживајте. Без разлика дали ќе одберете опера или балет, овој историски театар без сомнение ќе ве импресионира. Во оваа неверојатна градба гостувале некои од најдобрите изведувачи во изминативе 150 години.

Дали ги знаете начините на кои Вилијам и Кејт го прекршуваат кралскиот протокол?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар