6 работи коишто прават да изгледате помалку интелигентни

6 работи коишто прават да изгледате помалку интелигентни

Сите сакаат да мислат дека се интелигентни, а за повеќето тоа е и вистината. Сепак, вашето однесување понекогаш може да ја предаде вашата интелигенција на начин на којшто и не забележувате, но е очигледна за другите околу вас. Секогаш кога се наоѓате во ситуација каде што е важно како ве гледаат другите, било тоа да е на училиште или на работа, постојано треба да внимавате во какво светло се прикажувате. Почнувајќи од начинот на облекување, па сè до начинот на зборување, луѓето ќе ја искористат секоја можност за да ви судат. Затоа, земете ги предвид следниве работи секогаш кога сте во контакт со некого надвор од вашата удобна зона.

1. Начинот на облекување

Начинот на којшто ќе се претставите пред светот ќе влијае на тоа како ќе се однесуваат кон вас оние што не ги знаете. Ако на работното место се бара да следите одреден кодекс на облекување, треба да бидете сигурни дека го следите секогаш кога одите во канцеларијата. Дури и да е нешто едноставно, како на пример оставање на краватата дома еден ден, ќе доведе до тоа вашите колеги да мислат дека за вас не важат правилата или пак дека вие воопшто не ги разбирате.

2. Злоупотреба на туѓите зборови и изрази

Мешањето одредени зборови или изрази во реалниот свет е повеќе патетично, отколку смешно. Не користете некои зборови само затоа што сте слушнале дека ги користи некој друг во слични ситуации. Ако не можете да го објасните нивното значење, подобро и да не ги изговарате.

3. Кога изгледате замислени

Сигурно понекогаш сте морале да се преправате дека слушате некој којшто ви зборува, без разлика дали е тоа вашиот учител, шеф или пак брачниот другар. Додека честопати правите изговор дека „сте замислени“, вистината е дека вие всушност воопшто не сте фокусирани на задачата. Иако можеби постојат повеќе причини за тоа, секогаш се претпоставува дека соговорникот не е заинтересиран и не се грижи за разговорот. Кога ова ќе успее да ве издаде, личноста до вас најверојатно ќе помисли дека сте изгубени и дека немате поим што се зборува, или пак дека немате доволно интелигенција да го разберете разговорот.

4. Зборувате премногу

Правило е никогаш да не кажувате повеќе од она што треба да биде кажано. Кога зборувате помалку, вие покажувате дека сте во можност да ги комплетирате своите мисли и притоа да објасните нешто на полесен начин. Од друга страна, ако зборувате без размислување, вие оставате впечаток дека зборувате само колку да кажете нешто. Најдобро е да имате целосна контрола врз она што излегува од вашата уста. Затоа, избирајте ги вашите зборови мудро!

5. Зборувате премалку

Од друга страна пак, луѓето може да ви судат и ако бидете премногу тивки. Доколку не се вклучувате во разговорот, другите за вас може да помислат дека сте неучтиви или пак дека немате нешто важно да кажете. Иако знаеме дека тишината и срамежливоста не се знак на пониска интелигенција, другите можеби не го разбираат ова. Не треба да кажувате многу, туку само да го споделите своето мислење за одредена тема.

6. Им судите на другите

Само затоа што другите ви судат врз основа на една средба, не значи дека и вие треба да го сторите истото. Всушност, не треба никогаш да осудувате некој, затоа што не знаете како е да се живее неговиот живот. Кога им судите на другите вие покажувате дека сте во можност да го видите светот само низ вашите очи и дека никогаш не сте помислиле на фактот дека има седум милијарди личности на светот и исто толку различни начини за да се живее.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар