6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла

6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла

Одличниот почеток на утрото ви е загарантиран не само со воспоставената рутина за спиење, туку и со некои од најдобрите цитати за сите времиња. Прочитајте ја нашата листа на цитати во продолжение.

6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла

„Ова е прекрасен ден. Никогаш порано не сум видела толку убав ден.“ – Маја Ангелоу

Поздравете го денот со ширум отворени раце и со она чувство на очудување во поглед на самиот живот. Препуштете се на моментот и на она што ве прави среќни, како на пример спомените од вашето детство. Никој ден не е ист, а секој нов ден претставува ветување и нова надеж, прашањето е само дали ќе го препознаеме кога ќе го видиме.

„Само една мала позитивна мисла наутро може да ви го разубави целиот ден.“ – Далај Лама

Тоа е сè што ви е потребно. Размислувајте за само една позитивна работа во вашиот живот додека се пресоблекувате или го правите утринското кафе.

„Дајте му шанса на овој ден да биде најубавиот ден во вашиот живот.“ – Марк Твен

Реалноста е секако, дека понекогаш може да заврне дожд и дека не секој ден може да биде убав или совршен. Но, секојпат кога ќе ѝ отстапите простор на позитивна мисла и ќе бидете исполнети со позитивни чувства, тогаш ја отворате вратата за можноста за убав ден.

„Можеби наредната година на овој ден ќе посакате да започнавте токму денес.“ – Карен Лемб

Наредната година ќе бидете за една година постари. Зошто не ја искористите оваа година за да постигнете нешто што е важно за вас и што ќе ве исполни? Наш совет е да си ги запишете вашите приоритети и да откриете што треба да направите за да ја постигнете целта, така што нема да започнувате одново секоја година.

„Патувањето од илјада километри започнува со еден чекор.“ – Лао Це

Секој од нас доживеал моменти исполнети со грижа во поглед на тоа дали некогаш ќе успееме да ги оствариме нашите цели. На метафорички начин, овој цитат ќе ви помогне полесно да се приближите до целта. Направете листа на приоритети и започнете да работите на нив, чекор по чекор. На тој начин ќе бидете фокусирани на секоја од помалите задачи кои се дел од големата слика – целта која сакате да ја достигнете.

„Отсекогаш ме воодушевувала идејата за нов ден, нов почеток, можеби проткаена со магија таму некаде во утринските часови.“ – Џон Бојтон
Пристли

Доколку го цениме секој нов ден, ние всушност ќе ги цениме и новите можности за кои не би биле свесни поинаку. Искористете го секој ден како уште една шанса да ги решите проблемите или едноставно да научите како да го живеете животот. Чуда се случуваат секој ден, затоа осигурете се дека срцето и умот ви се отворени за да ги примаат.

Доколку ви се допаднаа нашите цитати за позитивен почеток на денот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 навики ќе направат да размислувате позитивно секој ден.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар