5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Почнувајќи од очите, па сè до коските на нозете, луѓето почнаа да се развиваат многу побрзо отколку што очекуваа научниците. Овие промени ги земаме здраво за готово и можеби не сме ни свесни за нив. Всушност, тоа се знаци што покажуваат дека луѓето не престануваат да се развиваат.

1. Имаме дополнителна артерија на раката

5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Научниците забележале една артерија на раката што започнала да се појавува кај денешните возрасни лица, во споредба со возрасните од крајот на 19-тиот век. Оваа артерија се нарекува „средна“ и порано ги снабдувала со крв дланката и подлактицата на бебето додека е во матката, но таа исчезнувала со текот на годините.

Сепак, постојат повеќе од неколку случаи кога оваа трета артерија не исчезнала и некои луѓе ги имаат сите 3 артерии. Оваа еволуција веројатно ќе продолжи да се појавува кај луѓето родени од 80-тите години, па наваму и средната артерија може да стане вообичаена во нашата подлактица.

2. Бебињата се раѓаат без умници

5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Нашите тела се помали во споредба со оние на нашите предци, а бебињата се раѓаат со помали глави. Тоа е веројатно така затоа што големината на карлицата кај жените станува сè помала и тоа е уште еден знак на микроеволуција. Бидејќи бебињата се раѓаат со помало лице и помали вилици, тоа значи дека има помалку простор за заби, па затоа сè повеќе бебиња се раѓаат без простор за умници.

3. Почнуваме да созреваме побрзо

5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Да се има поголема моќ над сопствените избори е еден од факторите што придонесуваат за побрза еволуција. Изборите како брак и раѓање деца подоцна во животот или брак со некој од другата страна на планетата може да влијаат на вас повеќе отколку што сте свесни.

Исто така, луѓето со помало тело почнуваат да созреваат порано. Ова се смета за широко распространета еволуција како резултат на намалувањето на смртноста кај помладите луѓе, благодарение на подобрената хигиена и медицинска нега.

4. Нашиот мозок се намалува

5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Иако нашиот мозок почнува да се намалува, тоа не значи дека ќе бидеме помалку паметни. Напротив, на ова се гледа како на еволутивна предност. Бидејќи нашето тело станува сè помало во споредба со она на нашите предци, тоа значи помалку простор за мозокот. Исто така, помалиот мозок покажува дека сме потолерантни и дека сме помалку агресивни отколку луѓето во минатото.

5. Пиеме млеко дури и како возрасни

5 знаци што покажуваат дека луѓето започнале да еволуираат прилично брзо

Пред илјадници години, луѓето не можеле да пијат млеко откако ќе пораснат затоа што немале генетска мутација што ќе им овозможи да пијат сурово млеко. Ензимот што им помагал на бебињата да го варат млекото во организмот престанувал да се лачи откако ќе пораснат и и повеќето луѓе биле нетолерантни на лактоза. Сепак, денес, 35% од луѓето ширум светот (претежно оние со европско, африканско и евроазиско потекло) можат да пијат млеко, дури и како возрасни, без да имаат вознемирен стомак.

Погледнете ги овие 14 илустрации што ја покажуваат „еволуцијата“ на вашиот живот откако ќе имате деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар