5 животни што им се верни на своите партнери

5 животни што им се верни на своите партнери

Не постојат многу животни што знаат што значи да се биде верен. Само 3-5% од сите животи имаат еден партнер за целиот свој живот. Освен тоа, некои парови дури имаат свои традиции што се најчистиот доказ за нивната посветеност еден на друг. Овие животни остануваат заедно со партнерот и во добро и во зло и треба да ни служат како пример.

1. Сончевиот папагал го избира својот партнер на возраст од околу 4-5 месеци

5 животни што им се верни на своите партнери

Овие мали папагали живеат во североисточниот дел на Јужна Америка. Тие се многу дружељубиви и живеат заедно во групи, а пред да стапат во сериозна врска, тие започнуваат со хранење и негување на партнерот.

2. Сивите жерави имаат посебна свадбена церемонија

5 животни што им се верни на своите партнери

Овие птици живеат во Уганда и ја сфаќаат својата врска многу сериозно. За да ја покаже својата посветеност, младиот пар танцува заедно пред останатите пред да се пресели во своето гнездо.

3. Тити мајмуните може да станат љубоморни

5 животни што им се верни на своите партнери

Овие мајмуни живеат во дождовните шуми во Јужна Америка. Нивната врска е многу посебна во животинското царство, затоа што се поврзуваат со своите партнери емоционално. Тие дури и се вознемирени кога се разделени. Паровите остануваат заедно и по сезоната на парење, поминувајќи романтични моменти додека седат рамо до рамо со опашките испреплетени.

4. Белите морски коњчиња остануваат заедно додека не умре еден од партнерите

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jules Casey (@onebreathdiver) on

Двајцата родители се многу одговорни, но мајката природа има неколку трикови кога станува збор за овие животни. Во оваа двојка, женката треба да го привлече мажјакот, а штом тој се заљуби, забременува и ги носи бебињата неколку недели.

5. Видрите се држат за рака додека спијат за партнерите да не се изгубат еден со друг

5 животни што им се верни на своите партнери

Големите речни видри остануваат заедно и живеат во заедница со другите видри откако ќе имаат потомство. Тие ги делат задачите во семејството подеднакво, а понекогаш и другите видри може да помогнат во одгледувањето на бебињата.

Прочитајте зошто сините животни се многу ретки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар