5 жени кои го одбележале 19-тиот век

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

19-тиот век е важен период за жените. Во овој век тие веќе имале сè поголеми права, па нивната улога не била само онаа на домаќинка. Можеле да имаат разни професии, како и да се занимаваат со наука, уметност, книжевност или која било друга дисциплина, исто како и мажите. Па, погледнете ги 5-те жени кои го одбележаа 19-тиот век.

1. Кралицата Викторија

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

Една од најважните личности од овој век по која е крстен и цел период е кралицата Викторија. Во Велика Британија, 19-тиот век е познат и како викторијанска ера која претставува синоним за индустриската револуција, силата на британската монархија, укинување на ропството и почетокот на борбите за право на глас на жените.

Викторија е родена на 24-ти мај, 1819-та година, а крунисана е кога имала само 18 години. Владеела до нејзината смрт, односно до 81 година. На престолот била цели 63 години и е една од личностите кои владееле најдолго.

2. Емили Бронте

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

Уште една важна жена која потекнува од Обединетото Кралство. Емили е една од 3-те сестри Бронте. Сите сестри ја одбележале книжевноста во 19-тиот век. Тие се автори на некои од најубавите класични љубовни романи.

Емили живеела од 1818-та до 1848-ма година. Денес ни е позната по романот „Оркански височини“ кој е всушност и единствениот роман што го напишала. Она што е интересно е тоа што книгата ја објавила под псевдонимот Елис Бел. Во романот има критика за викторијанската ера и нејзините идеали, и поради ова се смета за навистина контроверзно дело.

3. Марија Кири

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

Во 19-ти век живеела и првата жена научник која добила Нобелова награда за наука. Марија Кири заедно со нејзиниот сопруг, додала уште 2 елементи на периодниот систем – радиум и полониум. Нејзините откритија помогнале да се најдат нови начини за лекување на ракот, односно терапија со зрачење која ѝ е од голема помош на медицината.

4. Луси Стоун

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

Ова име не е многу познато кај широката јавност, но има големо влијание на ерата во која живееме. Стоун е американска активистка и феминистка. Таа е првата жена која не го земала презимето на сопругот по венчавката. Целиот живот го посветила на борбата за правото на жените да гласаат, држела неверојатни говори и пишувала текстови кои допреле многу жени и ги натерале да ѝ се придружат во нејзината борба.

5. Емили Дикинсон

5 жени кои го одбележале 19-тиот век

Една од најпознатите американски поетеси е Емили Дикинсон. Во текот на својот живот таа напишала над 2.000 песни од кои 1.000 биле завршени. Не станала позната додека била жива, а првата збирка со нејзина поезија била објавена 4 години по нејзината смрт.

Имала лошо здравје, па поголемиот дел од животот го поминала затворена во својот дом. Единствениот контакт со надворешниот свет ѝ бил преку нејзините песни и писма.

Прочитајте нешто повеќе за жените кои го променија светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар