5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

Во текот на летниот период, сите луѓе го поминуваат слободното време надвор и уживаат во топлите сончеви зраци. Летната забава честопати подразбира посета на забавни паркови и возење на вртелешки, ролеркостери, панорамски тркала и други слични реквизити. За жал, во некои случаи ваквата забава може да тргне наопаку. Иако луѓето се плашат од големите висини и брзини на реквизитите во забавните паркови, ретко кога некој навистина завршува повреден од возење на ролеркостер. Меѓутоа, кога ќе дојде до таква ситуација, последиците се пострашни одошто можете да си замислите. Ако не ни верувате, прочитајте ги следниве 5 примери…

1. Воден тобоган во аквапарк – Калифорнија, САД

5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

Во 1997 година, водниот тобоган во аквапаркот Вотерворлд во Калифорнија станал прилично смртоносен. 33 средношколци, кои требале да матурираат, го преоптовариле тобоганот и предизвикале да се сруши поради нивната тежина. За жал, еден од учениците починал, а 32 биле однесени во болница. Подоцна, 17 од преживеаните ученици ги земале нивните дипломи во инвалидски колички.

2. Државен панаѓур во Охајо – Колумбус, Охајо, САД

Неодамна, во јули оваа година, еден од реквизитите на државниот панаѓур во Охајо се расипал поради што еден човек го загубил животот, а 7 биле повредени. Кога смртоносната вртелешка се расипала, двајца луѓе биле фрлени во воздухот пред да паднат на платформата оздола. Државата и понатаму го истражува овој инцидент. Можете да го погледнете видеото, но ве предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.

3. Раптор – Охајо, САД

5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

Секогаш кога во некој забавен парк има поставено знак со натписот „Забранет пристап“ или „Не влегувајте“, сфатете го тоа сериозно. За жал, еден 45-годишен маж не го направил тоа и го загубил животот. Го удрила една од количките на ролеркостерот додека си го барал телефонот.

4. Ролеркостер во Експоленд – Осака, Јапонија

5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

Во 2007 година, Јапонија се соочила со голема несреќа во забавен парк кога ролеркостерот излетал од шините. 19-годишно момче загинало, а 19 други луѓе биле повредени. По истрагата, се открило дека еден скршен дел од ролеркостерот бил одговорен за несреќата.

5. Базен со бранови во Екшн Парк – Вернон, Њу Џерси, САД

5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

Ако го земеме предвид името „Погребален базен“ (Grave Pool),слободно можеме да кажеме дека разбрануваниот базен во акциониот парк во Њу Џерси е едно од најопасните места во светот, барем додека сѐ уште постоел. И покрај 12-те спасувачи, едно 15-годишно момче се удавило во 1982 година. Подоцна, во 1984 година, 20-годишно момче исто така се удавило, а на 18 јули во 1987 година и 18-годишно момче ја доживеало истата ужасна судбина. Паркот бил затворен во 1996 година, но повторно бил отворен со истото име во 2014 година.

Да ја разгледаме и позитивната страна на забавните паркови! Погледнете го првиот воден парк за луѓе со посебни потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар