5 добри страни на стареењето

5 добри страни на стареењето

Веројатно многумина кога ќе наполнат 50 години веќе се чувствуваат како да стапнале со едната нога во гроб, но не е баш така. Напротив, постојат неколку корисни страни на стареењето.

5-dobri-strani-na-stareenjeto-kafepauza.mk

1. Помалку мигрени

Оние кои страдаат од мигрени знаат дека не постои ништо полошо од болката и мачнините кои поради нив често ги чувствуваат. Но, добра вест е што мигрените постануваат поблаги со годините.

Шведските научници откриле дека скоро 1/3 од луѓето кои пателе од мигрена, во својата 55-та година веќе немале такви проблеми. Дури 80% од луѓето со мигрена, имаат ублажување на симптомите во староста со двојно намалување на времетраењето на нападите.

2. Помала потрошувачка на шампон

Иако би можеле да се пошегуваме дека е логично помалку коса да бара и помалку шампон, всушност овде се работи за нешто друго. Имено, со стареењето се стеснуваат жлездите поради кои косата ни се масти. Накратко, тоа значи поретко миење на косата.

Ако мислите дека тоа истовремено значи и дека скалпот набрзо ќе ви стане пресув, имаме една препорака за вас – само ставете некое етерично масло и проблемот е решен. Многу подобро од пречестото миење на косата со шампон.

3. Помалку настинки

Можеби на прв поглед не ви делува логично дека со стареењето се станува поотпорен на настинки, но статистиките покажуваат дека луѓето по 60-тата најмалку подлегнуваат на таков вид болести. Возрасните лица настинуваат 2-4 пати годишно за разлика од децата кои ги фаќа настинка 6-8 пати во годината.

Објаснувањето е многу едноставно – колку сме постари, толку повеќе вируси имаме прележано, па затоа и сме имуни на нив.

4. Појаки заби

Она што ќе го зачувате од вашите заби до педесеттите веројатно ќе ви остане во добра состојба и понатаму. По вашиот 50-ти роденден, забните нерви стануваат поотпорни на кариес и други проблеми. Секако, и понатаму мора да се грижите за забите, но поретко ќе имате проблеми со нив.

5. Животно задоволство

Стресот на секојдневието е огромен проблем, но анкетите велат дека 85-годишните старци се чувствуваат посреќни одошто кога имале 18 години. Животното незадоволство опаѓа после 50-тата.

Па ете, не чекаат низа добри нешта кога ќе остареме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар