5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

Дел од широката истражувачка дејност на некои научници е и тоа да проверат како се однесуваат животните кога се пијани. Им дале по малку алкохол и сфатиле дека магичната напивка на сите животни делува слично како што делува и на најразвиеното животно – човекот.

1. Ужасно пеат

На сите ни е добро познато кој како пее или се дере кога е пијан, а науката докажала дека истото им се случува и на птиците. Кога овие неверојатни пејачи ќе внесат во себе малку алкохол, нивниот глас страда слично како и човечкиот. Еден истражувач им ставил неколку капки алкохол на неколку врапци во сокот кој обично им давал да го пијат, тие го испиле и потоа, баш како и кај луѓето, нивната песна станала, како што велат тие, „помалку организирана“.

5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

2. Мислат дека се кралеви на светот

Секој сам си знае каков суперхерој станува кога има алкохол во крвта, а тоа го знаат и рибите. Научниците ставиле мали рипчиња во аквариум на кој му додале малку етанол за да ги опијанат. Потоа им пратиле поголеми риби кои обично ги јадат помалите како оние кои се веќе пијани. Интересното се случило кога малите, кои секогаш бегаат кога ќе се појават поголемите предатори, овој пат не се заморувале со нивното присуство, па научниците заклучиле дека алкохолот и кај нив го намалува стресот. Подоцна направиле уште еден сличен експеримент во кој пијаните риби станале хиперактивни. Брзо и ентузијастички пливале наоколу, а кога биле додадени во аквариум со трезни риби тие веднаш ја преземале лидерската улога и другите риби започнувале да ги имитираат.

5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

3. Ја лекуваат осаменоста со пијачка

Исто како што тоа го правиме ние луѓето, така и нашите роднини – мајмуните осаменоста ја лекуваат со чашка алкохол. Еден експеримент покажал дека мајмуните на кои има бил овозможен пристап до алкохол не се двоумеле да посегнат по него, но најинтересно било тоа што тоа најмногу го правеле осамените мајмуни и тоа повеќе навечер.

5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

4. Стануваат толерантни на алкохол

И животните кои често пијат алкохол можат да станат толерантни на него и да не покажуваат знаци на опијанетост или труење и покрај големата количина што ја консумирале. Таков е примерот со една ровчица, мал цицач кој личи на стаорец, којашто била забележана од страна на германски научници како самата се снабдува со нектар од една палма. Нектарот правел пена како пивото и кога тие го испитале увиделе дека има 3,8% алкохол, токму како и повеќето пива. Ровчицата буквално секоја вечер пиела од нектарот количина на алкохол која одговарала на девет пива. Но, ова минијатурно животинче не покажувало никакви знаци на опијанетост и покажало дека со текот на времето тоа развило толеранција кон алкохолот, исто како што тоа се случува кај луѓето.

5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

5. Алкохолот е дел од нивното созревање

Пиењето алкохол, опијанувањето и мамурлакот е дел од сечие созревање во тинејџерските години. Како за луѓето, така и за вервет мајмуните. Тие го знаат вкусот на алкохолот и не сакаат да се откажат од него. Затоа едвај чекаат да најдат некој турист кој си ужива со својот коктел за да му го украдат и да се почестат себеси. Она што е најинтересно во таквата ситуација е тоа што најголем дел од мајмуните кои го прават тоа се на возраст која е еквивалентна на тинејџерските години кај луѓето. Постарите се откажуваат со темпото со кое преземаат повеќе обврски во нивниот свет.

5 човечки работи кои животните ги прават кога се пијани

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар