4 причини зошто треба да читате вистински книги

Во чест на недамнешниот светски ден на книгата (23 април) ви нудиме 4 причини зошто треба да читате повеќе печатени книги. Оставете ги настрана таблетите и компјутерите и земете вистинска книга во рацете. Верувајте, бесценето е!

1-4-prichini-zoshto-treba-da-chitate-knigi-kafepauza.mk

1. Читањето печатени книги помага во способноста за сфаќање

Едно истражување спроведено во 2014 година покажало дека корисниците на Киндл сфаќаат помалку од она што ќе го прочитаат. Читањето книги е добро затоа што ги развива вештините за разбирање и обработување. Во кратки црти – читањето е добро за вашиот мозок.

2. Така повторно ќе ги оживееме печатените книги

Пред неколку години беше голем хит да се читаат е-книги и нивната продажба тогаш беше навистина голема. Но, тоа веќе не е така, читателите повторно се враќаат кон физичката форма на книгите. Па, нивната популаризација е единствениот начин овие книги да се вратат на полиците на домашните библиотеки.

2-4-prichini-zoshto-treba-da-chitate-knigi-kafepauza.mk

3. Оние кои читаат книги се поемпатични

Читањето, генерално, е добро за вашето срце. Една студија од 2013 година спроведена на Универзитетот Емори носи добра вест за читателите на белетристика. Читателите на белетристичка литература можат многу повеќе да се стават во кожата на другите, а со тоа се и подобри во комуникацијата со другите, како и во развојот на пријателства.

4. Има многу книги кои можете да ги читате „во лет“

Во случај да ви треба совет што да читате, постојат многу автори кои имаат направено кратки верзии од своите дела кои можете да ги читате додека одите на работа, за време на паузата или пред спиење. Па, ако сакате да бидете попаметни, поемпатични и да се приклучите во борбата да се вратат книгите во нивната материјална форма, тогаш имате многу избор за читање „брзи“ книги секој ден.

3-4-prichini-zoshto-treba-da-chitate-knigi-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар