4 европски града што се најубави за посета во месец март

4 европски града што се најубави за посета во месец март

Доколку веќе размислувате за пролетен одмор што ќе ви помогне да си ги наполните батериите, да запознаете нови култури и да откриете рајски дестинации што ќе ви го разбудат авантуристичкиот дух, тогаш имаме одлична листа за вас! Погледнете ги следниве 4 европски градови што се најубави за време на пролетните месеци, особено во март, и ќе посакате уште веднаш да ги спакувате вашите куфери!

1. Севилја, Шпанија

(1) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mk

Пријатна клима, шпански фолклор, богато мени и прекрасна архитектура – не постои никаков сомнеж зошто овој град се нарекува небрусениот дијамант на Европа. Според легендите Севилја е основана од страна на грчкиот митолошки херој Херакле, а денес е трговското средиште на јужна Шпанија, универзитетски град и средиште на епархијата. Додека се шетате низ градот ќе имате можност да уживате во различни архитектски стилови, започнувајќи од сјајни споменици на арапската уметност, сè до дел од најпознатите примери на горската уметност, меѓу кои е и величествената катедрала. Не можете да не се чувствувате прекрасно на улиците на овој град, особено за време на пролетта.

2. Хамбург, Германија

(2) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mk

Хамбург е познат и како Венеција на северот, најмногу поради бројот на мостови што ги содржи. Тој исто така е и втор град по број на жители во цела Германија. Освен што ќе уживате во прошетката низ каналите што се простираат низ целиот град, вниманието ќе ви биде одвлечено и од пазарот за риби, центарот за шопинг што е составен од згради со црвени цигли, улицата на црвените фенери… на кратко, не постои ниту еден здодевен дел на овој град!

3. Антверпен, Белгија

(3) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mk

Овој град има богата историја, како и второто по големина пристаниште во цела Европа. Антверпен има прекрасна архитектура што датира од 16-от и 17-от век, па затоа е и одличен избор за љубителите на историјата. Тој е и светската престолнина на дијамантите, каде што се наоѓа и Музејот на дијаманти што е првата и најважна локација за туристите.

4. Матера, Италија

(4) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mk

Сместен на врвот од две брда, Матера е еден од најубавите градови во Италија. Овој древен град од камења има бројни прекрасни градби од коишто нема да можете да го оттргнете погледот. Ако решите да го посетите, сигурни сме дека ќе се изгубите во убавината и ќе откриете едно од ретките рајски дестинации на планетата Земја од кое нема да ви се заминува.

Ви се оди некаде подалеку? Погледнете ги и овие 6 прекрасни места каде што можете да отпатувате оваа пролет!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар