30 опуштени Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

Опуштањето е многу полесно да се каже, отколку да се изведе. Можеби вие сте тип девојка којашто обожава да се релаксира во спа-центар на масажа, да посетува часови по јога и медитација, да го посети оној настан за веганска храна којшто некој го спомнал или да се забавува на пивофест со омиленото друштво, меѓутоа вие едноставно не знаете како да избегате од бројните обврски. Трчањето по автобуси, одговарањето на телефонски повици и враќањето на имејл пораки во обид да пречкртате повеќе нешта од вашата листа, ви е за жал, вашето „нормално“ секојдневие.

30 искулирани Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

Стресот во комбинација со заморот се акумулираат, па последно нешто што ви паѓа на ум се социјалните мрежи. Но, не грижете се, токму за таа цел денес споделуваме со вас сосема „чил“ натписи за вашата следна објава на Инстаграм, така што откако ќе ги прочитате, немате да имате ниедна грижа во глава. Верувале или не, животот ќе си носи сè повеќе обврски, па ваша е одлуката дали ќе решите да одвоите време за „полнење на батериите“. Резервирајте си спа-центар за некој викенд со другарките и погледнете ја омилената театарска претстава.

„Се чувствувам кул, исто како и моето ледено кафе.“

„Кога носам блузон без јака, немам ниедна грижа во животот.“

„Повремено ја пренасочувам мојата енергија во мрзливо лежење на каучот, пред ТВ екранот.“

„Ајде да сопреме за секунда и да видиме каде одиме.“

30 искулирани Инстаграм натписи за во миговите кога нивото на стрес ви е на застрашувачко ниво

„До следното мое известување, претпоставете си дека сум надвор од канцеларија.“

„Се грижам добро за сама себе и си уживам.“

„Единственото нешто коешто треба да го ‘бркате’ во сабота навечер, е следната епизода од омилената серија.“

„На ред е сезоната во којашто е потребно да бидете стуткани во ќебе, што е можно подолг временски период.“

„Извини, не можам да те видам од крукчињата краставички врз моите очи.“

„Факт: не постои проблем којшто не може да биде решен со третман за лице, најдобрите другарки и големи количества кокосово масло.“

„Мислите во главата ми се поврзани само со идејата за перница.“

„Кога животот ќе стане неуреден, искористете ја приликата за да се нашлапате со маска за лице од кал.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар