30 фотографии кои ќе ве потсетат колку е драгоцена нашата планета

30 фотографии кои ќе ве потсетат колку е драгоцена нашата планета

Прекрасните фотографии се дел од проектот наречен Daily overview чија што цел е споделување на една фотографија дневно од сателитот Digital Globes како би се изменил начинот на кој што го гледаме светот околу нас. Инспирацијата за проектот потекнува од промената во перспективата за нашата планета која ја доживуваат астронаутите кога за прв пат ќе ја видат од вселената.

Ова е познато како „The overview effect“ и го опишува чувството кога астронаутите се соочуваат со реалноста на Земјата – малечка, кревка топка заштитена со тенок слој атмосфера која што виси во празнина. Овој ефект е познат дека предизвикува промена во ставот кај оние кои го доживеале, за нив повеќе не се важни границите, националностите, религиозните убедувања или кои било други фактори кои можат да доведат до конфликти и поделби меѓу луѓето. Останува само желбата да се заштити драгоценото „топче“. Сигурни сме, дека барем за кратко фотографииве ќе го предизвикаат истото чувство и кај вас.

(1) 30-fotografii-koi-ke-ve-potsetat-kolku-e-dragocena-nashata-planeta-www.kafepauza.mk

Копенхаген, Данска

 

Повеќе за The Overview Effect можете да дознаете подолу.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар