3-те одлики на луѓето кои имаат над 90 години

3 важни одлики на луѓето кои имаат над 90 години

Можете ли да си замислите да живеете 90 години? Медицината се обидува да ни овозможи подолг живот, но веќе постојат луѓе ширум светот кои без проблем доживуваат најмалку 90 години.

3-те одлики на луѓето кои имаат над 90 години

Од нив можеме да научиме многу. На долгиот живот влијаат физичкото здравје и гените, но и некои лични карактеристики. Едно истражување открило неколку сличности кај постарите луѓе. Се верува дека овие слични одлики можеби би им помогнале на другите да живеат подолг и поисполнет живот. Погледнете кои се карактеристиките што ги делат луѓето кои имаат над 90 години.

1. Отпорни се и одлично се справуваат со промени

Една од најинтересните одлики што ги покажале овие луѓе е нивната способност за прилагодување на промени. Овие луѓе минале низ навистина тешки искуства – од губење деца и сопрузи, до економска депресија и миграција. И сепак, еден од испитаниците кажал:

„Се борам целиот мој живот и секогаш сум подготвен за промена. Мислам дека промената дава живот и шанса за созревање.“

За да живеете исполнет живот, мора да се прилагодувате.

2. Позитивни се и сакаат да бидат зафатени

Најстарите луѓе кои учествувале во истражувањето биле и многу позитивни и сакале да бидат ангажирани. Редовно го контактирале семејството, биле верници и постојано работеле нешто во нивниот дом, на нивата или на некое друго место.

Тие истакнале дека овие активности им помагаат да го задржат својот оптимизам и да им дадат смисла на оваа возраст.

3. Имаат самодоверба и подобро ментално здравје од помладите

Луѓето над 90 години покажале уште една интересна карактеристика – имале многу поголема самодоверба од помладите генерации. Постарите генерации имале полошо физичко здравје, што е сосема очекувано, но менталното им е значително подобро. Овие луѓе покажале голема самодоверба, подобри вештини за донесување одлуки, поголемо животно задоволство и пониско ниво на стрес.

Научниците изгледа полека докажуваат дека животот станува полесен со стареењето. Луѓето стануваат постабилни, посреќни и поисполнети.

Погледнете и кои се животните грешки за кои предупредуваат луѓето во длабока старост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар