3-те јазици кои децата треба да ги научат уште сега за да бидат поуспешни во иднина

Дали сте се запрашале кои јазици ќе биде добро да ги знае вашето дете? Истражувањата откриле дека ако вашето дете во иднина живее на област каде што се зборува англиски, би било одлично ако знае и француски, германски или мандарински.

3-te-jazici-koi-decata-treba-da-gi-nauchat-ushte-sega-kafepauza.mk

Центарот за економско и бизнис истражување интервјуирал 2.000 родители со деца помлади од 18 години. Покрај тоа интервјуирале и над 500 бизнис лидери од Велика Британија. Околу 45% од родителите изјавиле дека нивното дете не зборува втор јазик, додека 19% изјавиле дека не се заинтересирани за учење нов јазик. Еден од десет родители изјавил дека на нивното дете им е премногу тешко да учи нов јазик.

Истражувањето исто така открило дека францускиот, германскиот и мандаринскиот се јазиците кои треба да ги учат децата за да почувствуваат придобивки за 10 години. Се очекува само во Велика Британија јазичните вештини да додадат и до 500 милијарди евра во економијата до 2027 година.

Професорот по лингвистика од Универзитетот во Единбург, Антонела Сорас изјавил:

„Ова истражување демонстрира колку е важно учењето јазик за економијата, и покажува колку врати им се отвораат на децата кои знаат втор јазик. Веруваме дека учењето нов јазик е од голема предност за развојот на децата и е вистинска инвестиција за во иднината. Децата кои се изложени на различен јазик стануваат посвесни за туѓите култури, луѓе и перспективи. Често тие се подобри читачи и одлични во мултитаскинг. Двојазичноста им дава на децата многу повеќе од само познавање 2 јазика.“

Погледнете и кои се придобивките од изучување странски јазици.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар