3 сигурни знаци дека вашето куче ви верува безусловно

3 сигурни знаци дека вашето куче ви верува безусловно

Со оглед на тоа што не можеме да го разбереме јазикот на кучињата, треба да обрнеме внимание на нивниот говор на тело за да оствариме поврзаност и да изградиме меѓусебна доверба. Следниве 3 знаци ќе ви откријат дали вашиот миленик има доверба во вас, односно дали ви верува безусловно…

3 сигурни знаци дека вашето куче ви верува безусловно

1. Ви го покажува неговиот стомак

Кога кучето ќе легне на грб и ќе ви го покаже неговиот стомак, тоа значи дека целосно ви верува и сака да ви угоди. Доколку го погалите неговиот стомак додека лежи на грб, кучето тоа ќе го сфати како знак дека сте задоволни од неговото однесување. Покажувањето на стомакот е инстинктивен гест на потчинетост со кој кучето покажува дека му верува на подоминантното куче или човек и знае дека неговата доверба нема да биде злоупотребена.

2. Ви го врти грбот

Кога кучето ќе ви го сврти грбот, тоа не значи дека ве игнорира, туку дека има голема доверба во вас. Верува дека нема да му направите ништо лошо додека не ве гледа и чувствува дека може целосно да се опушти во ваша близина.

3 сигурни знаци дека вашето куче ви верува безусловно

3. Често и долго ве гледа во очи

Според едно јапонско истражување, гледањето во очи ја продлабочува поврзаноста и довербата помеѓу кучето и човекот. Испитаниците се гледале во очи со нивните миленици цели 30 минути и за време на тој период било забележано покачување на нивото на хормонот за љубов, окситоцин, и кај луѓето и кај кучињата. Познато е дека окситоцинот им помага на мајките да се поврзат со нивните новородени бебиња, а неговото ниво расте само кога сме во близина на луѓе кои ги сакаме и на кои им веруваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар