3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возрасните

3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возрасните

Дипломирањето е едно чудно и надреално чувство. Тоа ја претставува точката на перипетија во вашиот живот, кога чувствувате дека веќе треба да бидете некој кој има титула, статус и да одите некаде каде можете да го покажете вашето знаење. Факултетите се многу повеќе од учебниците, скриптите, неспиењето и испитите. Тие се искуство чиј тек го одредувате самите вие и по кое ќе копнеете откако ќе заврши. Но, постојат толку многу мали детали кои ќе ги научите по патот што ниту едно училиште, ниту висока образовна установа не можат да ги понудат. Во продолжените прочитајте ги 3-те најважни животни лекции кои треба да ги знаете за да преживеете во светот на возрасните.

3 работи кои треба да ги знаете пред да дипломирате за да преживеете во светот на возрасните

1. Не е целта во тоа што знаете, туку кого знаете

Ќе научите толку многу информации, што ќе почнете да се прашувате кога и како применета економика или калкулус 1 можат да ви се најдат во животот. Она што луѓето забораваат да го спомнат е дека факултетот не е само место каде можете да учите, туку е и место каде можете да стекнете многу пријатели. Не пропуштајте ја шансата да го проширите својот социјален круг и да запознавате нови луѓе. Фокусирајте се на изградбата на пријателствата, познанствата и односите. Опколете се со индивидуи кои носат позитивна енергија и го предизвикуваат начинот на кој размислувате.

2. Излезете од вашата удобна зона и истражувајте

Кога првпат одите на факултет, одбивате да ја напуштите својата удобна зона бидејќи сметате дека таа ве чува и заштитува. Но, таа никогаш нема да ви помогне понатаму да се развивате. Ако сакате психички и ментално да созреете, тогаш треба да се соочите со сите предизвици и да ги правите оние работи кои можеби нема да бидат толку лесни.

3. Знајте ја сопствената вредност

Никој никогаш не ве учи на силата на сопствената вредност и тоа е многу жално. Важно е да знаете дека вашите оценки не се мерка за вашата вредност како личност. Никогаш не дозволувајте бројките да застанат на вашиот пат кон успехот и личниот напредок. Тоа што сте паднале еден предмет, не значи дека не сте успеале како личност. Немојте да се концентрирате на малите работи и започнете да ја гледате поголемата слика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар