27-годишна девојка сака да му покаже на светот зошто се бори за легализирање на еутаназијата

Холи Ворланд е 27-годишна девојка од Австралија која страда од мускулна дистрофија. Поради нејзината болест, нејзините мускули од брадата надоле постепено откажуваат и кога-тогаш ќе ја врзат за кревет.

27-godishna-devojka-koja-se-zalaga-za-legalizacija-na-eutanazija-pokazhala-kako-izgleda-zhivotot-so-invaliditet-kafepauza.mk.jpg

Била дијагностицирана на 11-годишна возраст, но до неодамна водела нормален живот со поддршка од семејството и пријателите. Работела напорно и дипломирала психологија, а до 25 години сакала да стане и доктор на науки.

Била веќе до половина со докторските студии, кога забележала дека ѝ се намалува физичката сила. Во 2016-та година морала да се откаже од учењето, но и од нејзината работа како професор на факултетот.

27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитет

Секој ден почнала да се буди со гадење, забрзан пулс, болни мускули, гушење и неконтролирано тресење. Нејзиниот живот се претворал во хаос. Како што ѝ се влошувала состојбата открила дека инвалидитетот е прикажан многу погрешно. Изгледа како секоја јавна личност со инвалидитет да спаѓала во категоријата „инспиративни“. Она што ѝ претставувало уште поголем проблем биле објавите од фитнес профилите на кои биле прикажани луѓе со ампутации и натписи како „Кој е твојот изговор?“

27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитет

Бидејќи Холи воопшто не можела да се поврзе со тоа, таа и нејзиниот партнер и негувател Лук направиле фотографии од неа и ги објавиле онлајн со цел луѓето да видат какво е вистинското влијание на инвалидитетот. Реакцијата од фотографиите ја охрабрила да сподели и малку поинтимни слики од нејзиниот живот.

27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитет

Лук се обидел да ја долови најдобрата и најлошата страна на Холи – од романтична вчера, до повраќање во туш кабината.

27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитет

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар