25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити - Part 2

25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити

7. Ер

(7)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Според Платон, Ер бил војник кој загинал во битка. Кога помошта пристигнала после 10 дена, телата на другите војници веќе почнале да се распаѓаат. Но Ер изгледал релативно нормално. Кога го вратиле дома и го поставиле на погребната клада, Ер се разбудил и почнал да му кажува на луѓето што научил на „другата страна“.

8. Стивен Б. Рајденор

(8)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Стивен имал искуство близу до смртта кога бил тинејџер во Вирџинија. Заедно со неговиот пријател, тој речиси се удавил во локалната река. Следните неколку години тој пробувал со најразлични лекови и дроги да го преживее еуфоричното искуство. Конечно, тој сфатил дека се движи по грешен пат и се одлучил да ја изучува медицината со цел да му врати на општеството.

9. Алис Морсон-Мејс

(9)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Алис речиси умрела во болница во Њу Орлеанс после нејзиниот пораѓај во 1952 година. Неколку години подоцна таа имала уште едно вакво искуство кое ја натерало да направи огромни промени во нејзиниот живот. Иако била во инвалидска количка, таа почнала да се бави со музика и станала инспирација за многу хендикепирани луѓе.

10. Доктор Мери Нил

(10)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Кога се превртел нејзиниот кајак, докторката Нил била заробена под него. Таа имала искуство близу до смртта и тврди дека ги видела Бог, Исус и ангелите. Во нејзината книга „До рајот и назад“ (To Heaven and Back) таа опишува како Бог ѝ кажал дека нејзиниот 9-годишен син Вили ќе умре и таа ќе му биде потребна на семејството. Нил била „оживена“ од спасувачите, а 10 години подоцна нејзиниот син бил убиен од возач кој бил на телефонот додека возел.

11. Артур И. Јенсен

(11)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Артур имал сообраќајна несреќа во 1930-тите додека ја поминувал Америка како автостопер. Тој тврди дека го видел рајот, а подоцна напишал и книга за тоа. Тој се бунтувал против религиските воспитувања и бил атеист, но по неговата несреќа станал еден вид мистик.

12. Џени Вулф

(12)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Џени била однесена во болница во Њујорк поради компликации кои настанале од ендрометриоза. За време на една од операциите таа имала искуство близу до смртта каде што летала надвор од своето тело и била во најубавата градина која ја имала видено. На врвот на некој рид го видела Исус кој ѝ кажал дека од неа зависело дали сака да остане или да се врати. Таа одлучила да се врати во нејзиното тело и тоа го опишува како нејзино повторно раѓање.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар