24 смешни и гадни работи кои не сте ги знаеле за задниците

24 смешни и гадни работи кои не сте ги знаеле за задниците

Ако сте имале некои прашања во вашата глава поврзани со задникот, а не сте можеле јавно да прашате за нив, еве ги одговорите. Или пак можеби и не сте помислиле на овие работи…

1-22-smeshni-i-gadni-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-zadnicite-kafepauza.mk

1. Влакната околу вашиот задник ги придушуваат звуците, што значи дека не е возможно да прднете тивко доколку сте депилирани во тој предел.

2. Женските задници се обично поголеми отколку машките затоа што естрогенот кај жените ги акумулира масните наслаги во задникот додека кај мажите во стомакот.

3. Да имате голем задник е всушност поволност. Луѓето кои имаат повеќе масти во стомакот живеат пократко отколку оние со помалку. Во спротива, доколку имате масти и тие се сместени во вашиот задник – ќе живеете подолго.

4. Задникот е дел од најмоќната мускулна група во целото тело. Се состои од глутеус максимус (задник), глутеус медиус (втор мускул), глутеус минимус (трет мускул во задникот). Задникот е мускул кој е оговорен за вашата подвижност – одење, трчање, качување по скали, стоење.

5. Постои коска на врвот на задникот која требала да биде опашка, но со текот на еволуцијата се отстранила.

6. Во просек луѓето прдат помеѓу 13-21 пати дневно. Ако не си прднувате во текот на денот значи најверојатно нешто не е во ред со вас.

7. Вашиот основен измет е составен од 75% вода. Грубо тоа е пропорционално на односот вода – копно на нашата планета.

8. Изметот не ви е само истрошен материјал, тој во себе задржува 50% од оригиналната енергија. Тоа не значи дека треба да го јадете! Никако не значи да го јадете!

9. Изметот е кафеав затоа што содржи жолчка и изумрени црвени крвни зрнца.

10. Ако изметот ви е зелен тоа е или затоа што храната пребрзо се пренела низ цревата или затоа што сте консумирале храна која по боја е зелена или сина.

11. Хемороидите не се медицинска состојба. Тоа се всушност месни перничиња кои се наоѓаат во внатрешноста на задникот и го контролираат изметот. Болните чирчиња на задникот се јавуваат како резултат на хемороидни заболувања.

2-22-smeshni-i-gadni-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-zadnicite-kafepauza.mk

12. Кога се прави хируршко зголемување на задникот користејќи ги сопствените масти, мастите обично се земаат од стомакот и се додаваат на задникот. Тоа овозможува мастите да се таложат во задникот наместо во стомакот, затоа што телото сака да таложи масти на места каде што веќе постојат.

13. Иако Ким Кардашијан се подложи на рендгенско зрачење за да докаже дека нема импланти во задникот, Х-зраците не се научно медицински анализирани од стручно лице кое единствено би можело да потврди дали има или нема импланти во нејзиниот задник.

14. Во просек 10% од луѓето кои додаваат импланти во задникот се мажи.

15. Една од најголемите причини зошто на луѓето им се развиле задници е за да можат да седат.

16. Зборот кој потекнува од грчкиот јазик за добро оформен задник е „калипиџан“.

4-22-smeshni-i-gadni-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-zadnicite-kafepauza.mk

17. Некои луѓе имаат умрено при извршување голема нужда. При преголем напон крвниот притисок се зголемува и крвта се згрутчува или пак доаѓа до пукање на еден дел од главната артерија.

18. Можете да го добиете она што се нарекува анален гној ако изметот ви ги затне жлездите во задникот што ќе предизвика инфекција. Доколку не се третира ќе прерасне во опасна инфекција врз површината на задникот и ќе мора да се дренира.

19. 99% од гасовите кои излегуваат низ задникот не мирисаат. Прдежите се состојат главно од кислород, азот, јаглерод диоксид, водород и метан. Останатиот процент смрди и содржи сулфурни соединенија.

20. Вашиот задник има огромна апсорбирачка моќ за впивање пиво, вино и други тешки алкохолни пијалаци, но истовремено ова е и многу опасна практика. Без да помине алкохолот низ вашиот црн дроб и низ бубрезите, вие губите можност да повратите доколку ви е премногу. Ова значи дека можете да се „препиете“ од задникот и да умрете. Не го правете ова!

21. Постојат најмалку 50 различни зборови во англискиот кои означуваат „задник“.

22. Еротското „плескање“ постоело отсекогаш. Постојат древни слики по ѕидовите кои укажуваат на тоа.

5-22-smeshni-i-gadni-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-zadnicite-kafepauza.mk

23. Викторијанска Англија била ептен навлечена на „плескањето“. Стотина илјадници порнографски дела биле направени во тој период.

24. Според Сигмунд Фројд „аналната фаза“ е втора фаза во раниот развој на децата. Таа настапува откако најпрво ќе помине фазата во која сакаат сè да стават во уста, а пред откривањето на нивните гениталии. Тука е вклучено и воодушевувањето од изметот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар