23 супер правила за вистинско пријателство

Колку само ги сакате вашите пријателки! Сигурно не можете да си го замислите животот без тие луди, откачени и кога е потребно сериозни личности. Затоа секогаш почитувајте ги овие правила за вистинските другарки.

23 супер правила за вистинско пријателство

1. Во никој случај не смееш да флертуваш или не дај Боже да излегуваш со бившиот на твојата другарка.

23 супер правила за вистинско пријателство

2. Во посебни пригоди, како роденден на твојата пријателка, не смееш да ја засенуваш бидејќи тоа е нејзин ден.

3. Кога си на шопинг со другарка ти имаш задача да бидеш 100% искрена за секое парче облека што ќе го проба или козметички производ кој сака да го купи.

23 супер правила за вистинско пријателство

4. Кога ќе ја чуеш вашата омилена песна ѝ се јавуваш веднаш.

5. Не смееш да ставиш слики на Фејсбук каде твоите пријателки се лошо испаднати.

6. Кога сте излезени не смееш да ја оставиш другарка ти сама поради момче.

7. Имаш обврска да ѝ помогнеш да го откачи типот кој ѝ додева цела вечер, како и да го згазнеш под нозе оној кој ја повредил.

23 супер правила за вистинско пријателство

8. Кога ќе чуеш како некој/а зборува лошо за твојата другарка, твоја задача е да му/ѝ го пукнеш носот!

9. Во никој случај не смееш да ѝ зборуваш зад грб на другарка ти.

10. Кога ќе направи торта треба да ја дојадеш макар и да не ти се допаѓа.

23 супер правила за вистинско пријателство

11. Никако не смееш да издадеш некоја од тајните кои ти го кажала.

12. Ако поседуваш снимка каде таа се глупира максимално, не смееш да ја покажеш во јавност, ниту да ѝ ја постираш на ѕид.

13. Доколку другарка ти е на пат да направи глупост или животна грешка, мора да ѝ го отвориш очите.

23 супер правила за вистинско пријателство

14. Секогаш сослушај ја твојата другарка.

15. Никогаш не ја оставаш другарка ти да се глупира сама, особено не во јавност.

23 супер правила за вистинско пријателство

16. Понекогаш ќе мора да ги излажеш родителите на твојата другарка.

17. Во случај да го видиш дечко ѝ со друга мора да ѝ кажеш.

18. Ако имаш згоден братучед грев е да не го запознаеш со твојата другарка.

23 супер правила за вистинско пријателство

19. Ако нејзината симпатија е онлајн, во рок од 5 секунди јавувај ѝ се и кажи ѝ.

20. Задолжително ја тешиш кога е тажна.

23 супер правила за вистинско пријателство

21. Ако си вистинска другарка никогаш нема да јадеш вкусни палачинки или чоколадна торта без твоите другарки.

22. Ако прекршиш некое од овие правила задолжително треба да ѝ се извиниш.

23 супер правила за вистинско пријателство

23. Во овој момент креваш слушалка да ѝ кажеш дека штотуку си ја прочитала „Библијата“ на вашето пријателство.

23 супер правила за вистинско пријателство


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар