20 токсични работи што сте ги научиле во детството и што треба да ги заборавите

Во детството слушате многу совети од возрасните, но тоа не значи дека возрасните се секогаш во право. Кога вие ќе имате свои деца, ќе сакате да бидете многу повнимателни што ги учите.

20 токсични работи што сте ги научиле во детството и што треба да ги заборавите

1. Ако тој е груб кон вас, тоа значи дека ве сака

На овој начин ги учите малите девојчиња да очекуваат насилно однесување од луѓе што ги сакаат.

2. Неуспехот е лош

Неуспехот не треба да се смета за пречка, туку чекор во процесот на учење. Бидејќи го сметаат неуспехот за пречка, многу деца го губат својот интерес кога не успеваат во нешто.

3. Нема презборување

Многу возрасни сметаат дека не смеете да го оспорувате она што тие го кажуваат, па младите не можат да прашаат нешто или да го кажат своето мислење.

4. Ако се жалите значи дека сте неблагодарни

Колку пати возрасните ви рекле да замолчите кога сте се жалеле за нешто и дека треба да бидете благодарни за тоа што го имате. Секако дека треба да бидете благодарни што имате покрив над главата, но тоа не значи дека сè е совршено и дека не треба да се трудите да ги подобрите работите.

5. „Не“ е лош збор

„Не“ е силен збор, но не и лош.

6. „Ако ја работите работата од соништата, нема да треба да работите ниту еден ден во животот.“

Не верувајте ѝ многу на оваа изјава.

7. Лошо е да погрешите

Поради тоа, многу луѓе не го менуваат своето мислење, само за да не бидат погрешно сфатени.

8. Игнорирајте ги насилниците и тие ќе ве остават на мира

Кога ќе го сторите тоа, веројатно ќе се случи една од двете работи: или ќе ве малтретираат уште повеќе или ќе почнат да малтретираат некој друг.

Ако им се спротивставите на насилниците, тие се повлекуваат. Колку порано во животот ќе им покажете каде им е местото, толку е помала веројатноста дека така ќе се однесуваат цел живот.

9. Возрасните се секогаш во право

Сите грешат, но можете да се подобрите ако ги признаете грешките и ако се трудите да ги поправите. На тој начин стекнувате доверба и почит. Никој не им верува и не ги почитува луѓето што лажат и што не се доволно силни за да пораснат.

10. Момчињата секогаш треба да бидат силни

Да бидете силни значи да можете да се соочите со вашите чувства и да ги прифатите искрено.

11. Менталното здравје не е важно

Менталното здравје е многу важно и треба да биде приоритет во воспитувањето на децата.

12. Не смеете да прекажувате и да кодошите

Колку деца се злоупотребени или малтретирани и нема да го кажат тоа само заради тоа што научиле дека не треба да ги обвинат другите?

13. Малтретирањето се должи на несигурност, скриени чувства итн.

Секако, и тоа може да биде причина за насилното однесување. Но, без оглед на причината, малтретирањето не е здраво однесување. Жртвата не е должна да ви дозволи да ја малтретирате, без разлика каква е причината за тоа.

14. Сите се победници

Губењето и разочарувањето се дел од животот и тие се составен дел од вашиот раст и развој. Децата треба да научат како да изгубат пред да почнат да победуваат.

15. Момчињата не плачат

Дозволете им на момчињата да плачат кога чувствуваат потреба за тоа.

16. Треба да изедете сè што има во чинијата

Треба да јадете додека не почувствувате ситост, а не да ја испразните целата чинија.

17. Љубовта доаѓа во форма на материјално поседување

Луѓето ја искажуваат љубовта на различни начини, а вие треба да поставите ваши граници што не треба да дозволувате другите да ги преминат.

18. Училишните оценки ја утврдуваат вашата вредност

19. Почитувајте ги постарите

Почитта треба да биде заслужена, не да се очекува.

20. Ако ја направите вистинска работа, може да ги натерате другите луѓе да ве мразат

Бидете подготвени за тоа.

Прочитајте како зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар