20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава

20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава

Забавите се луди. Таму може да сретнете сè и сешто. Овие момци ги среќавате на секоја забава, без исклучок.

20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забава

1. Очајниот дечко

Најверојатно е нов во градот и не познава многумина. Очајно ја чекал оваа забава цела недела со пуста надеж дека ќе запознае добра женска и дека ќе им тргне муабетот. Не пребира, тоа ќе биде која било што ќе се согласи да се дружи со него. Ќе се служи со крајно клише изрази и по малку наивно ќе ви симнува ѕвезди. Очаен да придобие пријатели ќе учествува во секоја игра и во сè што налага забавата.

2. Оној кој не може да престане да пие

Кога ќе влезе на забавата најпрво истражува ситуација. Ќе му се приближи секому но ќе остане со она друштво каде најмногу се пие. Можеби пијалакот го користи како лек за неговата срамежливост, така ќе има помалку трема за да зборува со некоја девојка, а ако е пијан и добие корпа, нема да боли толку. Но неретко пијалакот е поважен од девојките, така што целосно ќе му се посвети игнорирајќи сè околу него. Последен си заминува од секоја забава, очајно држејќи се до забавно и пијано друштво до последен момент. Дома има колекција од чаши што ги собирал по забави бидејќи никогаш не си оди со празни раце.

20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забава

3. Оној кој им се пушта на сите

Овој тип има добро разработена тактика – им се пушта на сите. Од сите девојки на забавата, макар 5 ќе му дадат број и тој тоа го перципира како повеќе шанси да го добие она што го сака. Во моментот кога вие со вашите другарки влеговте низ врата, тој почнува да ви се пушта на сите. Да, ќе речете дека е одвратен и за жалење, но една од вас завршува со него на крај на журката.

4. Снабдувачот

Неретко забавите ги организира тој самиот, или пак е задолжен за храната на другите забави. Знае да ужива во добрата храна, и додека сите ќе речат дека тука се за друштвото, тој отворено признава дека храната е важна. Тоа е оној кој прв се јавува да среди каков било проблем или штета, како и да ја снабди забавата во случај да се потроши целата храна или пијалак. Овој дечко е материјал за брак.

5. Дечкото кој има очајна потреба да биде центар на внимание

Погледнете го, ве молам. Цела вечер пробува да го придобие вниманието на присутните со своите постапки, зборови, раскажувања и шеги. Себеси се смета за учен човек кој има многу животно искуство, доволно за да ви каже како треба да живеете. Сака да се фали со своето образование или со способноста брзо да ги ќарува женските. Телефонот постојано му ѕвони бидејќи навистина е баран.

6. Оној кој мисли дека сите сакаат да ги чујат неговите теории

На забава со гласна музика тој може да развие дебати за комунизмот, невработеноста, владата, образованието, здравството… Зборува како навиен на теми на кои никој друг не сака да зборува во дадената пригода. Но, за чудо, секогаш ќе се најде макар еден кој ќе му се придружи во муабетот и сè што сакате е да ги исфрлите низ балкон бидејќи навистина се напорни.

7. Оној кој добро прикрива дека е под дејство на разни супстанци

Изгледа како навистина кул, смирен и повлечен дечко, тивок набљудувач на секоја ситуација. По 4 часа сфаќате дека тој е напушен, издрогиран, пијан. Најверојатно ќе сфатите кога со него ќе направите муабет подолг од 2 минути, па ќе почне да ги развлекува зборовите, непотребно да филозофира, да ви зборува за вашата натална карта или да ги гледа ѕвездите… во затворен простор.

8. Диџејот

Тој е оној кој ја „снабдува“ забавата со добра музика бидејќи вие не знаете што слушате. Дозволете му музички да ве образува. Во случај да не го одберат за главен диџеј на забавата, единствениот муабет што знае да ви го направи е правење забелешки за оној кој пушта ваква глупава музика по глупав редослед.

9. Оној чии приказни се секогаш супериорни

Брзо ви здосадува бидејќи изгледа како голем фалбаџија. Само пробајте да направите муабет со него. Што и да кажете, тој има подобра приказна од вашата и неретко не им дозволува на своите соговорници да се доискажат. „Го положи приемниот испит? Браво! Ха, баш сега се сетив на денот на моето магистрирање…“ Некогаш знае да биде толку груб, што ќе ве прекине сменувајќи сосема нова тема на муабет.

10. Оној кој постојано јаде

Сериозно, размислете малку. Сте го виделе некогаш со празна уста? Баш сега кога размисливте сфаќате дека тој навистина секогаш јаде! Да, тој доаѓа на забава заради храната.

20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забава


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар