20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

На децата понекогаш им е многу тешко на училиште, бидејќи мораат да учат и да пораснат во успешни млади луѓе. Уште потешко станува ако наставниците почнат да им забрануваат одредени работи што на учениците им се омилени. Ова се 20-те секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот…

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

1. Најдобри пријатели

Во едно училиште во југоисточен Лондон на децата им е забрането да имаат најдобри пријатели, бидејќи наставниците мислат дека учениците многу се вознемируваат кога пријателството ќе заврши. Сите сме се скарале со нашите пријатели повеќе пати, но и покрај тоа сме успеале да пораснеме како што треба. Можеби наставниците едноставно не сакаат учениците да се дружат за време на наставата.

2. Честитки за Денот на татковците

Во едно шкотско училиште на децата им е забрането да прават честитки за Денот на татковците од почит кон учениците кои живеат само со мајки. Звучи праведно, но што е со децата кои немаат мајка или имаат две мајки и двајца татковци?!

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

3. Фејсбук

Фејсбукот е вистинско зло според едно еврејско женско училиште во Њујорк. Девојчињата не смеат да ја користат оваа социјална мрежа дури ни дома. Наставничките мислат дека поради Фејсбук девојчињата станува помалку скромни.

4. Прегрнување

Едно основно училиште во Нортхемптон решило дека прегрнувањето помеѓу учениците треба да биде забрането. Наставниците сметаат дека децата треба да научат да го почитуваат концептот за личен простор. Меѓутоа, децата и родителите не ја прифаќаат оваа забрана.

„На овој начин децата нема да стекнат социјални вештини во годините кога најмногу се развиваат“, изјавил еден од родителите.

Зошто би сакале да си ги прегрнете пријателите?! Многу е подобро да бидете антисоцијални!

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

5. Ранци

Некои американски училишта веруваат дека носењето ранец или чанта во училница може да биде опасно поради сите оружја што може да бидат скриени внатре. Токму затоа, на учениците им е дозволено да носат само книги и училиштен прибор. Ранците мора да останат во нивните шкафчиња.

6. Хеланки

Едно средно училиште во Масачусетс го сменило кодексот на облекување и ги забранило хеланките, бидејќи тие се несоодветна облека за учениците кои наскоро ќе влезат во светот на возрасните. Освен тоа, му го одвлекуваат вниманието на спротивниот пол. Очигледно.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

7. „LOL“ и други акроними

Учениците од едно училиште во Јужен Јоркшир не смеат да употребуваат „lol“, „brb“ и слични акроними. Наставниците сметаат дека само со оваа забрана ќе ги принудат учениците да употребуваат правилен англиски во секојдневната комуникација.

8. Гумени ластици

Неколку училишта во САД ги забраниле гумените ластици, бидејќи сметаат дека им го одвлекуваат вниманието на учениците. Според наставниците, децата премногу си играат со нив, а тоа им го одвлекува вниманието од наставата. Но, сите знаеме дека децата многу лесно ќе си најдат нова занимација.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

9. Брканица

Во некои училишта во САД на децата им е забрането да играат брканица! Причината за оваа забрана е тоа што децата се повредуваат физички и емоционално за време на оваа игра.

10. Ноќ на вештерките и Божиќ

Наставниците од едно училиште во Орегон ги забраниле сите работи типични за Божиќ од почит кон припадниците на други верски и религиски групи.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

Продолжете на следната страница за останатите необични забрани во училиштата ширум светот…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар