20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

Детето-претседател верува дека нештата кои ги кажуваме можат да го направат светот подобро место за живеење. Токму затоа тој направил листа од 20 нешта кои според него треба многу почесто да ги кажуваме.

20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

Дел од работите кои тој смета дека недостасуваат во нашето изразување се оние „потешките“ изјави кои ретко се осмелуваме да ги изустиме, но кои можат многу да ни помогнат. На пример, тој верува дека треба да кажувате убави работи и доколку немате ништо добро да кажете, тогаш сигурно не сте размислиле доволно. Исто така кога ќе направите грешка, треба да ја признаете или пак, кога вашиот омилен спортски тим ќе изгуби да го прифатите поразот. Понекогаш потребно е да бидете оптимистични и да ги бодрите вашите најблиски, но само ако навистина верувате дека тие можат да го направат тоа. Тој верува дека работите ќе бидат многу подобри и доколку почесто ги кажувате следниве нешта:

  • Благодарам.
  • Извини.
  • Ти простувам.
  • Ти можеш!
  • Те молам.
  • Сè ќе биде во ред.
  • Не знам.

Погледнете ја целосната листа на 20-те нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме, како и неговите неодоливи објаснувања кои ќе ве убедат уште веднаш да почнете да ги применувате неговите совети…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар