20 луѓе признаваат тајни кои се плашат да ги откријат пред своите сакани

Во последно време многу е популарно анонимното споделување тајни со целиот интернет и мораме да признаеме дека тоа е истовремено забавно и лековито. Од една страна, нашата жед за тајните на другите се задоволува додека ги читаме анонимните исповеди, од друга, доколку нешто ни тежи, и самите можеме да се вклучиме во реката од коментари и да си ја олесниме душата.

20 луѓе признаваат тајни кои се плашат да ги откријат пред своите сакани

Неодамна некој на Редит прашал: Која тајна или случка од вашето минато ќе го уништи вашиот однос со саканата личност доколку тој /таа некогаш дознае за тоа? Еве 20 исповеди за кои се олесниле дел од корисниците.

1. Всушност не сум разведена.

2. Бев во порно. Достапно е на интернет и на дивиди.

3. Дека потајно сакам да го пикнам мојот прст во неговиот задник.

4. Дека ако некогаш ме напушти ќе се повредам себеси. Но, не сакам да го исплашам.

5. Дека веројатно гледам повеќе порно од него…

6. Дека имам спиено со повеќе жени од него (јас сум жена, 27 години, тој е маж, 35 години).

7. Дека неговиот најдобар другар, број 1 пријател и брат по крв е затрескан во мене.

8. Верувам дека тој е предобар за мене од секој аспект. Попаметен е, неговата фамилија е подобра, подобро изгледа итн. Никогаш не би можела да бидам соодветна за него и се плашам дека ако тој еден ден го сфати тоа, ќе ме остави.

9. Секоја вечер пред да си легнеме со дечко ми во кревет, неговата перница ја поместувам малку поблиску до работ на креветот, а мојата малку повеќе кон средината, правејќи си поголем простор за мене, а помал за него. Наскоро ќе владеам со целиот горен дел од креветот.

10. Првиот пат кога мојот сакан ми кажа дека ме сака не му возвратив. Беше пијан и плачеше кога му кажав дека не се чувствувам исто. Утрото не се сеќаваше на ништо и ми кажа пак… Овој пат му возвратив. Сега сме во брак и не можам да си го замислам животот без него.

11. Дека за малку ќе го извисев на нашиот прв состанок бидејќи ме мрзеше да се туширам. Пред некое време ми кажа дека порано често бил извисуван. Глуми дека е добро и дека тоа не му сметало, но му видов во очите дека бил повреден. Не сакам да знае колку блиску бев и јас да го направам тоа.

12. Дека се плашам дека ќе ме остави заради мојата ментална болест. Кога имав 16 години ми беше дијагностицирано гранично нарушување на личноста. Ви текнува на филмот „Girl, Interrupted“? На тоа додајте тинејџерска момчешка геј драма и тоа бев јас. Се обидов да се убијам, двапати. Одев на терапија 4 години, тоа помогна, но престанав од други причини. Сè уште сум на лекарства. Промени во расположението сè уште се случуваат, депресија, анксиозност – исто така. Но, сега не сум ни приближно лош како порано. Се поднесува. Правам сè што можам за да ја инволвирам мојата сакана личност кога станува многу лошо и се обидувам да се соземам. Тој исто така ми помага доста. Повеќе одошто би можел да кажам. Повеќето денови конечно можам да се разбудам и да се чувствувам убаво за животот.

13. Дека го најдов мојот свршенички прстен сосема случајно еден месец пред да ме запроси и го пробав.

14. Бев силуван како дете. По некое време „уживав“ во тоа. Како што станувам постар сфаќам дека никогаш не сакав да бидам дел од тоа, но ми било полесно да се предадам отколку да протестирам. Имав 5 години првиот пат и беше со роднина. Живеам секој ден со тоа искуство. Ме обликуваше во она што сум (што е за несреќа). Имам проблеми со гневот. Имам стравови. Секогаш сум анксиозен. Пушам трева по цел ден секој ден со цел да се самолекувам, а таа мисли дека го правам тоа затоа што сум мрзлив. Никогаш не би можел да кажам некому бидејќи не сакам да бидам познат по тоа. Не сакам моите пријатели и семејството секогаш да мислат на тоа. Не сакам моите деца да знаат. Не сакам никој да знае. Затоа се кријам зад овој ВПН и зад лажни профили. Го мразам тоа. Го мразам мојот живот, но спремен сум да завршам со тоа.

15. Си ја продавам долната облека на интернет…. Шворц сум, студентка сум на факултет на екстремно тешка насока и веќе имам работа, но физички не можам да работам повеќе часови. Мислам дека тој би имал разбирање… но не можам да ризикувам. Тој е најдоброто нешто што ми се има случено во последно време.

16. Дека мојата депресија и анксиозност се сè уште екстремно парализирачки и сè уште имам лоши мисли. Нема ништо да направам. Но, не сакам тој да се грижи.

17. Дека не ми се допаѓа и 99% од работите што ги кажува ми одат на нерви, бидејќи претежно се жали за нешто. Има ептен негативен став кон животот и често се однесува како разгалено 3-годишно дете. Веројатно ќе раскинам со него набрзо, само ја чекам вистинската прилика.

18. Многу е лош во кревет. Никогаш не можев да го сфатам терминот „лош љубовник“ додека не го сретнав него. Јас ги правам повеќето од работите, а единственото што можам да направам за да се одржи е да му „го измавам“ со мојата В. Како и да е, многу е добар во пружање орален секс, па тоа е супер, веројатно.

19. Дека нашиот фонд за итни случаи не беше од мојата претходна работа, туку од проституција за да се осигурам дека нема да останеме бездомници. Јас би сакала да заборавам, но нив не им треба таа тежина.

20. Дека се помирувам со него бидејќи изгубив енергија да се обидувам и да почнувам од почеток. Од 8 години заедно, 4 не го сакав вистински, но добар е со мене и ми дозволува доволно време за себе. Да се обидам да му раскинам и да барам нешто од почеток би било премногу тешко во моментов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар