19 интересни факти за брадата

19 интересни факти за брадата

Прочитајте ги овие деветнаесет занимливости поврзани со брадата кои не се многу познати.

19 интересни факти за брадата

1. Не е точно дека брадата ќе расте побрзо и ќе стане погуста ако почесто ја бричите.

2. Статистиката покажала дека во споредба со избричените мажи, брадестите се за 38% помалку дарежливи, за 36% помалку грижливи и за 51% помалку весели.

3. Брадата расте повеќе во лето.

4. Научниците претпоставуваат дека мажите за прв пат почнале да ги бричат брадите за жените да се чувствуваат побезбедно.

5. Има три теории зошто еволуцијата на мажите им „дала“ брада: заради заштита на лицето, за избегнување на повреди при пад и за позастрашувачки изглед на вилицата.

6. Дури 98% од листата на најбогати луѓе на светот според Форбс е составена од мажи без брада.

7. Се проценува дека околу 55% од сите мажи на светот имаат некаква брада на лицето.

8. Брадата расте побрзо кога мажот немал секс некое време.

9. Поради зголемената популарност во последните неколку години, бројот на операции за трансплантација на брада на светско ниво пораснала за огромни 600% во периодот од 2008 до 2013 година.

10. Внимателното одржување на брадата се вика погонотрофија.

11. Допирањето на брадата на мажот во средниот век се сметало за навредливо и било причина за закажување двобој.

12. Перцепцијата за брадестите мажи е дека тие се постари, повеќе почитувани, помоќни и од повисок општествен статус во споредба со мазно избричените мажи. И мажите и жените ја имаат истата перцепција.

13. Во просек, жените сметаат дека брадестиот маж поседува само две третини од привлечноста на избричениот маж.

14. Маж кој редовно се бричи во просек поминува по 3350 часови во бричење во текот на својот живот.

15. Александар Велики им забранил на своите војници да бидат брадести за противниците да не ги совладуваат со тегнење за брадите.

16. Рекордот за најдолга брада е регистриран кај еден Норвежанец во 1927 година. Таа била долга 5.3 метри.

17. Брадата помага да се заштитите од прашина и полен.

18. Во древниот Египет се изработувале метални бради. Оние кои ги носеле си придавале божји карактеристики. Дури и некои жени ги носеле.

19. Американскиот претседател Абрахам Линколн ги пораснал зулуфите и брадата откако едно девојче му пишало писмо во кое меѓу другото велело и дека добро би му стоела брада.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар