19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Доколку не ги познавате овие имиња, тогаш дефинитивно веднаш треба да ги запознаете. Овие силни жени кои објавуваат фотографии и видеа од нив како креваат тешки тегови и покажувајќи ги своите неверојатно исцртани тела можат скоро инстантно да ве натераат да започнете со вежбање. Па, ајде, ако ви е потребна мала фитнес мотивација, веднаш заследете ги…

1. Крисмас Абот

(1) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Доколку имате сомнежи за способностите на жените кои креваат тегови, тогаш оваа девојка која има 245.000 следачи ќе ви покаже дека ништо не е невозможно.

2. Аманда Биск

(2) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Оваа Австралиска божица има повеќе од 339.000 следачи. Таа е психолог за вежбање, јога инструктор и тренер која нема да ве остави рамнодушни.

3. Каиса и Џенифер

(3) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Каиса е магистер во науката за вежбањето, додека пак Џенифер е специјалист нутриционист. Заедно тие имаат 354.000 следачи.

4. Кејси Хо

(4) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Кејси е верификуван фитнес инструктор и тренер за пилатес која има над 963.000 следачи на Инстаграм. Нејзините фотографии ќе ве научат на интересни пилатес движења, надополнети со здрава исхрана.

5. Џенет Џенкинс

(5) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

За нејзините 286.000 следачи, таа објавува мотивациски цитати и голем број фотографии од фитнес центри и други интересни локации за вежбање.

6. Емили Скај

(6) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Прекрасниот модел од Австралија која неодамна станала личен тренер има над 919.000 следачи и одлични фотографии од цврсти стомачни мускули.

7. Лита Луис

(7) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Лита објавува видеа за вежбање со мотивациски цитати кои позитивно влијаат врз своите 332.000 следачи ширум светот.

8. Џенел Салазар

(8) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Таа не само што е инструктор за фитнес, туку истовремено е и мајка која на своите 363.000 следачи им дава одлични и креативни идеи за вежбање.

9. Лајзабет Лопез

(9) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Околу 1,8 милиони следачи се опседнати со неверојатниот изглед на оваа инструкторка од Канада. Нејзиното тело има форма на песочен часовник и тоа една од најголемите причини зошто привлекува внимание насекаде ширум светот.

10. Мејси Арија

(10) 19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм

Позната по своите мотивациски цитати и позитивно однесување, овој верификуван тренер има неверојатни 1,7 милиони следачи кои секојдневно бараат совети од неа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар