17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

Родители. Зборуваме за оние кои нè израснале во она што сме и кои ќе нè сакаат и ќе ни простуваат без оглед на сè. Да, знаеме дека си ги сакате родителите, но кога последно сте им го кажале тоа? Да се потсетиме на оние нешта кои треба почесто да им ги кажуваме на нашите родители.

17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

1. Ви благодарам што се будевте во текот на ноќта кога бев бебе иако сонот ви бил потребен.

2. Ви благодарам што ги бркавте моите кошмари и чудовиштата под креветот.

3. Мило ми е што не ме размазивте.

4. Знам дека ми давате и повеќе отколку што имате.

5. Благодарам за тоа што секогаш имав покрив над глава и полн стомак.

6. Ги паметам сите приказни кои сте ми ги раскажале и сите книги кои сте ми ги купиле и прочитале.

7. Благодарам за секој ваш одговор на моето „зошто“.

8. Благодарам за тоа што се сакавте меѓу себе и ми дадовте пример за вистинска љубов, овозможувајќи ми да израснам во семејство полно со љубов и разбирање.

9. Благодарам што ме сакате и повеќе од самите себе.

10. Ги ценам сите ваши напори да ме изведете на вистинскиот пат.

11. Се извинувам за сите ваши непроспиени ноќи од грижа.

12. Благодарам за сите животни лекции кои сум ги добил/а и на кои допрва ќе ме научите.

13. Ви простувам за сите нешта кои мислите дека не сте ги направиле правилно, никој не е совршен.

14. Ќе ве земам како пример кога ќе ги воспитувам моите деца и кога нема да знам како да се справам со улогата на родител.

15. Благодарам што секогаш сте на моја страна.

16. Благодарам што верувавте и верувате во мене и тогаш кога и јас не верувам во себе.

17. Ве сакам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар