17 познати жени кои совршено возвратија на злобните коментари за нивната тежина

Луѓето секогаш имаат замерки, или си премногу дебела, премногу слаба, дури и „премногу“ бремена. Злобните усти секогаш имаат што да кажат, а ни малку не се поштедени познатите жени во шоу-бизнисот. Ова се дел од жените кои совршено возвратија на злобните коментари и со достоинство си го одбранија своето тело. Погледнете ги најдобрите контраудари на злобните коментари поврзани со тежината.

17 познати жени кои совршено возвратија на злобните коментари за нивната тежина

1. Кели Кларксон

Откако ТВ ѕвездата Кејти Хопкинс злобно искоментира дека талентираната Кели Кларксон изгледа како да ги изела своите придружни вокали, ѕвездата која скоро стана мајка, возврати: „Баш ми е гајле, јас сум неверојатна!“ Подоцна, во шоуто на Елен додаде: „Едноставно ти си тоа што си. Не значи дека ќе си таков/ва засекогаш. Некогаш сум во форма и боксувам кик бокс како луда, а некогаш не сум и порадо би се напила чаша вино.“

Кели Кларксон

2. Габори Сидиби

По церемонијата Златен глобус 2014, Габори Сидиби доби многу негативни коментари за својата тежина, на што за возврат твитна: „За сите оние кои пишуваат злобни коментари за моите слики од Златниот глобус, бидете сигурни дека синоќа се отепав од плачење поради тоа на мојот приватен авион додека се упатував кон мојата работа од соништата #ЈК (само се шегувам).“

Габори Сидиби

3. Пинк

По добротворниот настан за борба против ракот, организиран од нејзина пријателка, Пинк доби многу негативни коментари за зголемувањето на нејзината тежина. Гневна што луѓето не се фокусираат на целта на настанот туку поважна им е нејзината тежина, таа возврати: „Ќе признаам дека фустанот не изгледаше толку добро како кога се сликав во мојата кујна, но исто ќе признаам дека се чувствував убава. Совршено сум добра, среќна, и моето здраво, стрвно и лудачки силно тело е на сосема заслужен одмор.“ Пинк во истата прилика додаде и дека кога нејзината ќеркичка ја допирала за стомакот прашувајќи ја зошто е толку мека, таа ѝ одговорила дека е така бидејќи е среќна.

Пинк

4. Алиса Милано

Откако комичарот Џеј Мор искоментира дека актерката по породувањето решила да не се грижи за своето тело, таа совршено возврати, „убивајќи“ го со љубезност: „Многу ми е жал што почувствува потреба јавно да ме исмееш поради мојата тежина. Секое добро. Поздрав и многу љубов за твојата убава жена.“

Алиса Милано

5. Аријана Гранде

Откако Аријана постави видео од нејзиниот настап со Ники Минаж, не стивнаа коментарите за тоа дека таа има мал задник. На тоа Аријана без ронка срам одговори дека го тресе својот убав и сладок, мал но згоден задник заедно со големиот задник на Ники, и дека и двете имаат навистина совршени задници. „Што велите да имаме поголема почит кон изгледот на луѓето и да ги охрабриме да се чувствуваат секси без разлика како изгледаат?!“

Аријана Гранде

6. Лејди Гага

Откако Гага објави фотографија на која јасно се гледа промената во нејзината телесна тежина, доби еден куп коментари за вишокот килограми. На тоа возврати: „Па што ако имам голем стомак понекогаш, некогаш немам. На светот има луѓе кои гладуваат.“ Исто така додаде: „Порадо би била дебела отколку плитка.“

Лејди Гага

7. Деми Ловато

По нејзиното враќање од рехабилитација поради проблемите со депресија и булимија, Деми Ловато повторно зачекори на црвениот тепих. На негативните коментари возврати: „Погодете што, јас сум здрава и среќна, а ако коментирате лошо за мене, очигледно вие не сте.“

Деми Ловато

8. Џесика Симпсон

За време на нејзината бременост во 2012, Џесика доби навистина многу злобни коментари за нејзината тежина. Еве што имаше таа да каже по породувањето: „Мислам дека секоја жена која е бремена и носи во себе нов живот има право да јаде сè што сака, сè додека е среќна. Немаше да им дозволам на медиумите да ми го одземат еден од најсреќните мигови во мојот живот.“

Џесика Симпсон

9. Клои Кардашијан

Клои целиот свој живот добива негативни коментари за нејзиното тело (иако, реално, изгледа прекрасно), дури и од нејзината мајка. Откако и нејзиниот брат доби лавина коментари за наглото зголемување на неговата тежина, таа жестоко возврати: „Колку сте плитки. Толку е одвратно да се критикува некој само поради надворешниот изглед. Пораснете!“

Клои Кардашијан

10. Адел

Успешната и неверојатно талентирана британска пејачка целиот свој живот се соочува со вакви критики. Во една пригода има изјавено дека никогаш не сакала да изгледа како моделите од насловните страни. „Го претставувам мнозинството жени и навистина сум горда на тоа.“

Адел

11. Џенифер Лоренс

Младата актерка отворено раскажала дека на почетокот на нејзината кариера ја советувале дека ќе биде поуспешна доколку ја намали тежината. „Ми покажаа мои слики на кои бев речиси гола и ми рекоа дека ќе ми послужат како мотивација.“ Иако одбила да го промени своето тело за да стекне повеќе слава, сега Џенифер Лоренс важи за една од најуспешните актерки, а наградите со кои се кити нејзиното име на толку млада возраст прават да биде импресивна. „Ако некој макар се осмели да ми дошепне диета, едноставно му велам да од*бе.“

Џенифер Лоренс

12. Ејми Шумер

Откако беше наречена „буцкаста“, актерката и комичарка Ејми Шумер возврати со постирање на топлес фотографија со опис во кој вели дека нема план да го промени својот конфекциски број и дека луѓето едноставно може или да ја прифатат како таква или не. „Од сè срце ви велам, ич не ми е гајле.“

Ејми Шумер

13. Мелиса Мекартни

На оваа откачена актерка ѝ беа упатени злобни коментари дека е со големина на трактор и дека ја посветила својата кратка кариера само за да се дебели и да биде непривлечна, совршено успевајќи и во двете работи, на што таа возврати: „Едноставно помислив дека тој човек мора да е во навистина лоша ситуација во својот живот, додека јас сум во навистина среќна.“ Исто, Мелиса додаде колку нејзиниот сопруг и нејзините деца ја прават среќна секој божји ден.

Мелиса Мекартни

14. Ким Золчак

Откако Ким објави фотографија на Инстаграм на која доби коментари дека има „дебелки“ нозе, ријалити ѕвездата изјави: „Да, имам големи, или како што некои од моите следачи ги нарекоа дебелки нозе, секогаш сум имала и сакам што се такви.“ За време на своето патување, таа продолжи да постира фотографии во бикини.

Ким Золчак

15. Тајра Бенкс

Откако беше исмеана поради големиот задник на една фотографија, убавата Тајра во своето шоу го облече истиот костим, порачувајќи им на „хејтерите“ дека може слободно да го бакнат нејзиниот дебел задник.

Тајра Бенкс

16. Сара Миликан

По нејзиното појавување на наградите БАФТА, Сара беше критикувана за нејзината тежина и за тоа како ѝ стои фустанот. Таа возврати со есеј на Радио Тајмс, а една од најсилните пораки беше: „Се извинувам. Мислев дека ме поканија на таков настан бидејќи сум добра во она што го правам.“

Сара Миликан

17. Кристен Бел

Додека беше бремена, американската актерка и пејачка Кристен Бел беше критикувана за нејзината фигура. Таа едноставно одговори: „Не сум жена чие достоинство се мери со големината на нејзиниот фустан.

Кристен Бел

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар