17 неверојатни и необични факти за вашето тело кои можеби досега не сте ги чуле

17 неверојатни и необични факти за вашето тело кои можеби досега не сте ги чуле

Човековото тело е необично парче органска технологија. Има толку многу неверојатни факти за нашите животни возила кои ги слушаме секојдневно, но дали сте знаеле дека делиме 50% од својата ДНК со едно популарно овошје или пак, дека во нашиот папок се наоѓа цела вселена? Можеби ќе ви звучи чудно и тешко за верување, но овие факти се потпираат на научни истражувања. Уживајте!

17 неверојатни и необични факти за вашето тело кои можеби досега не сте ги чуле

1. Во вашата крв има злато. Многу елементи на различни начини го наоѓаат својот пат до телото и токму златото е едно од нив. Сега кога го знаете тоа, вашиот живот почна да делува малку побогато, нели?

2. Некои луѓе можат да чујат бои и да вкусат зборови. Станува збор за состојба која се нарекува синестезија и која настанува кога две или повеќе сетила се преклопуваат. Ако некогаш најдете личност со синестезија, прашајте ја какво е чувството.

3. Вашите очи гледаат ултравиолетово светло. Но, вашите леќи го филтрираат.

4. Вашиот папок има свој мал свет. Навистина. Таму живеат илјадници бактерии кои создаваат цел екосистем, исто како оној во една прашума.

5. Кога ќе поцрвенеете во лицето, поцрвенува и вашиот стомак. Истите капилари кои го руменеат вашето лице кога ви е непријатно, го имаат истото влијание и врз вашиот стомак.

6. За време на вашиот живот, телото ви отфрла околу 20-тина килограми кожа. Знаеме дека гуштерите, пајаците и некои други видови живи суштества ја отфрлаат својата кожа, но тоа не е нешто што би го помислиле и за луѓето. Во овој процес, надворешната кожа кај човекот се менува на месец дена.

7. На секои 5 минути произведувате онолку клетки колку што има луѓе на светот. Човечкото тело произведува 25 милиони нови клетки секоја секунда. Тоа се 1,5 милијарди во минута.

8. Вашето тело се состои од 7 октилиони атоми. Вашето тело е составено од огромна количина материја. Тој број почнува со 7 и има 27 нули. За споредба, постојат 300 милијарди ѕвезди во Млечниот пат.

9. Имате 50% заедничка ДНК со бананата. Ова е навистина чуден факт, но тоа не го прави помалку вистинит. Од друга страна пак, имаме 60% слична ДНК со винските мушички и 80% со кравите.

10. Произведувате 1 литар плунка секојдневно. Плунката е клучен дел од човековиот дигестивен систем, па затоа и постојано ја произведувате.

11. Висока доза амфетамини го емитира чувството на заљубеност. Кога ќе се заљубите, вашиот мозок ослободува иста комбинација невротрансмитери и хормони кои го зголемуваат чукањето на срцето, ве спречуваат да спиете, создаваат губење апетит и возбуда како и при земањето амфетамини.

12. Вашите коски се тврди како камен. Барем како одредени видови камења. Дали сте знаеле дека коска со големина од една кутија за чкорчиња може да издржи 9 тони тежина?

13. Имате иста количина влакна како и шимпанзото. Тоа е вистина, дури и ако ви изгледа дека не е така бидејќи поголемиот дел од вашето „крзно“ е скоро невидливо и се наоѓа под вашата кожа.

14. Одредени жени имаат супер вид. Како суперхероите. Станува збор за тетракроматски супер вид, кој го имаат околу 2% од сите жени. Жените кои ја имаат таа способност поседуваат додатен рецептор за боја (4 наместо 3) и можат да откријат 100 пати повеќе бои од нормалните личности (100 милиони бои наспроти стандардните 1 милион).

15. Мозокот психолошки ја перципира вратата. Тоа е и причината поради која е вообичаено да заборавите што сте сакале да направите откако ќе влезете во друга просторија. Мозокот гледа на вратата како граница, па ако тоа ви се случи, вратете се во претходната соба и веднаш ќе се сетите што сте сакале да направите.

16. Вие сте највисоки по будењето. Секоја ноќ додека спиете, добивате 8 милиметри во висина. Тоа се случува бидејќи во текот на денот, додека стоите исправено, вашите ‘рскавици под силата на гравитацијата малку се намалуваат.

17. Вашите солзи изгледаат различно при различни емоционални состојби. Вашите солзи се структурирани различно, во зависност од причината за плач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар