17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

Постојат многу работи во светот за коишто никогаш не сме чуле. Станува збор за секојдневни нешта што нѐ опкружуваат, но како последица на нашите хаотични животи, немаме време да размислуваме за нив. Следниве необични факти ќе ви откријат зошто авионите се секогаш бели и зошто чоколадите Ритер Спорт имаат форма на квадрат. Продолжете со читање и дознајте нешто повеќе за светот околу вас…

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

1.  Сѐ до 1800-тата година, околу 43% од светската популација не живееле подолго од 5 години.

2. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија. Постојат арапски камили, но тие се користат само за забавување на туристите и за превоз. Кога станува збор за храна, Арапите ги претпочитаат австралиските камили.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

3. Научниците откриле дека нилските коњи и китовите имаат заеднички предок кој живеел пред 50 милиони години. Токму затоа, може да се каже дека китовите и нилските коњи се далечни роднини.

4. Чоколадите Ритер Спорт почнале да се произведуваат во форма на квадрат откако јакните со квадратни џебови станале популарни во 1930-тите. Компанијата решила да произведува квадратни чоколади што ќе ги собере во овие џебови без да се скршат и ќе тежат исто колку и обичното чоколадо.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

5. Се сметало дека семките од рогач се идентични една на друга и се користеле како мерка за тежина – карат (еднакво на 200 милиграма). Оттогаш, каратот станал традиционална мерка за тежина на скапоцените камчиња и бисери.

6. Во 19-ти век во Англија, макасаровото масло било многу популарно помеѓу мажите, бидејќи се верувало дека може да излечи алопеција (ќелавост). За да го заштитат мебелот од дамки од масло, домаќинките почнале да ги покриваат наслоните на мебелот со марамчиња. Оттогаш, тие се нарекуваат антимакасари и овие марамчиња може да се најдат на наслоните на седиштата во возовите и во авионите.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

7. Ако човек изеде црн дроб од поларна мечка, постои голема веројатност дека ќе умре. Црниот дроб содржи премногу витамин А и затоа може да предизвика хипервитаминоза и сериозно труење.

8. Некои истражувања покажале дека бебињата свесно се смеат и го прават тоа кога ќе видат дека мајка им или татко им ќе им ја возвратат насмевката. Тие сакаат да ја гледаат насмевката на нивните родители и успеваат да ја предизвикаат со својата насмевка.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

9. Во средината на грчката химна има поема од 158 катрени, но се пеат само првите два.

10. И покрај нивните надворешни сличности, дивиот зајак – дупкар и домашниот зајак не можат да се размножуваат еден со друг. Тие имаат различен број на хромозоми. Домашните зајаци имаат 22, а дивите зајаци имаат 24.

11. Авионите се најчесто бели, бидејќи оваа боја го олеснува наоѓањето на некои неправилности, дамки од масло и пукнатини. Освен тоа, белата боја го спречува претераното загревање на авионите. Која било друга боја би ја апсорбирала сончевата светлина и би довела до загревање на авионот.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

12. Во подземната железница во Њујорк, електричните светилки се малку неконвенционални. Имено, сијалиците не се одвртуваат во насока на стрелките на часовникот, туку обратно. Ова било измислено за да се спречат кражбите на сијалици.

13. Обичниот полжав се движи побрзо од електроните во бакарна жица.

14. Непријатниот мирис во устата наутро се јавува поради тоа што не се произведува плунка во текот на ноќта. Како последица на тоа, по неколку часови спиење, се собираат бактерии и се распаѓаат.

15. На влезовите на големите згради, најчесто се поставуваат врати со систем на вртење и има причина зошто е тоа така. Отворањето обична врата или врата на лизгање дури и за краток временски период (особено кога времето е студено или топло) доведува до значителни промени на температурата во просторијата. Вратата со систем на вртење го спречува наглото спуштање или покачување на температурата.

17 факти за работите околу нас што ќе ви докажат дека светот е полн со изненадувања

16. Националниот фудбалски тим на Бразил е единствениот тим што учествувал на секое светско првенство. Освен тоа, ова е и најуспешниот тим со вкупно 5 победи.

17. Во 1830-та година, кечапот се продавал како лек за дијареја, ревматизам и егзема. Доматите содржат ликопен кој е многу корисен за телото, но секако дека не може да ги излечи сите можни болести. Денес, може да се најде во форма на таблети во сите аптеки.

Прочитајте ги и следниве 16 чудни факти кои се покажале како вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар