16 луди скали што можат да исплашат секого - Part 3

16 луди скали што можат да исплашат секого

11. „Патот кон рајот“ што води до чајџилница

16 луди скали што можат да исплашат секого

Овој пат што води до врвот на планината Хуа е наречен „Патот до рајот“. Скалите се издлабени во карпата, а металните синџири служат како држачи. Порано по скалилата се искачувале само аџии бидејќи Хуа е една од 5-те свети планини на таоизмот во Кина. Денес овој пат е отворен и за туристи.

12. Ѕирнете зад водопадот

16 луди скали што можат да исплашат секого

Можете да стигнете до водопадот наречен „Ѓаволов котел“ во Еквадор искачувајќи се по древни камени скали. Скалите се многу блиску до клисурата каде што водата е навистина силна. Скалите минуваат низ тунел со лизгави ѕидови кој води директно до водопадот. Многу туристи ја посетиле и платформата зад водопадот и тврдат дека погледот е неверојатен.

13. Одење по смртоносната кривина

16 луди скали што можат да исплашат секого

Овие необични скали веќе се најпознатата атракција во Дујсбург, Германија. Скалите имаат и необично име – „Тигар и желка“. Креаторот на скалите им дава шанса на луѓето да одат по луда железница. Највисоката точка на скалите која се наоѓа на 12 метри нуди панорамски поглед кон градот.

14. Не може повеќе од 300 луѓе дневно!

16 луди скали што можат да исплашат секого

За да стигнете до планинскиот врв во Националниот Парк Јосемити во Калифорнија, мора да изодите патека од 9,5 километри, од која дел се минува со жичара. Не е дозволено да поминат повеќе од 300 посетители дневно бидејќи потребна е посебна дозвола. Од туристите се бара да бидат физички подготвени и да имаат вистинска желба да искачат 400 речиси вертикални скалила.

15. Пат до храмот на месечината

16 луди скали што можат да исплашат секого

Овие камени скали се лоцирани во Мачу Пикчу и се стари околу 500 години. Биле изградени од древните Инки како пат до Храмот на месечината. Денес е дозволено да се качат најмногу 400 луѓе во текот на еден ден. Искачувањето трае 2 часа и ќе треба постојано да се држите до ѕидот. Скалите и ѕидовите се лизгави, па со само еден погрешен чекор можете да паднете во реката Урубамба.

16. На врвот за ѕвездите

16 луди скали што можат да исплашат секого

Опсерваторијата наречена Пик ду Миди се наоѓа на француските Пиринеи. Дел од патувањето можете да го поминете со жичара, а другиот дел се минува само по скали. Бидејќи е навистина студено и дува многу ветар, потребно е да носите топла облека. Неодамна овде постои понуда за преноќување – научниците исчистиле неколку соби за оние на кои им е потребен одмор по напорното патување.

Ако сакате да пробате нешто ново, зошто да не се обидете со овие забавни начини на патување и откривање нови места?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар