16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

16-годишната Грета Тунберг го основа движењето Youth Strike for Climate (Младите штрајкуваат за климата) и привлече навистина многу внимание. Всушност, таа е номинирана за Нобелова награда за мир како што нејзиното глобално делување продолжува да се проширува. Доколку победи, Грета ќе биде најмладиот добитник на наградата.

16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

Грета била навистина зафатена – од соло протести, до организирани студентски штрајкови на глобално ниво. Оваа недела се очекуваат штрајкови во 1.659 градови и 105 држави.

Училишните штрајкови биле инспирирани од движењето „Петоци за иднината“ што го започнала Грета со помош на хаштагот #FridaysForFuture. Досега имало редовни паради ширум светот, вклучувајќи ги државите како Германија, Белгија, Велика Британија, Франција, Австралија и Јапонија.

„Ја предложивме Грета Тунберг бидејќи ако не направиме ништо за да ја спречиме климатската промена, тоа може да биде причина за војни, конфликти и бегалци. Грета Тунберг започна масовно движење кое го гледам како огромен придонес за мирот“, изјавил норвешкиот социјалист Фреди Андре Овсетегард.

„Почестена сум и многу благодарна за оваа номинација. Утре ќе штрaјкуваме на училиштата за нашата иднина. И ќе продолжиме со ова колку што е потребно“, напишала Грета на нејзиниот Твитер профил.

Таа веќе ги има предизвикано лидерите на самитот за климатски промени на Обединетите Нации:

„Промената доаѓа, без разлика дали им се допаѓа тоа или не.“

Иако Грета е млада, не е прв пат олку млада личност да биде номинирана или да добие Нобелова награда. Во 2014-та година, наградата ѝ припадна на 17-годишната Малала, која во 2012-та година преживеа обид за убиство од страна на Талибанците.

„Навистина е инспиративно да се видат млади луѓе, водени од брилијантни млади жени, како бараат итно решение за климатските промени. Тие се целосно во право кога велат дека денешните постапки ќе ја одредат нашата иднина. Мојата порака до младите граѓани е јасна – наша одговорност како возрасни и политички лидери е да учиме од вас и да ви ја дадеме иднината што ја сакате’, изјавила Ан Идалго, градоначалничката на Париз.

Штрајковите се поддржани и од поранешниот поглавар на Англиската црква Роуан Вилијамс, како и од Куми Наиду, лидерот на невладината организација Amnesty International.

„На децата често им се вели дека тие се идните лидери. Но ако чекаат до утре, можеби нема да има иднина која треба да ја водат. Младите луѓе ги засрамуваат лидерите со нивната страст и посветеност кои ги покажуваат во оваа важна битка.“

Според официјалниот веб-сајт, има 301 кандидат за Нобелова награда за мир за оваа година. 223 од номинираните се личности, а 78 се организации.

Дознајте нешто повеќе за луѓето кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар