14 тешки логички загатки кои можат да ги решат само 8% од луѓето во светот

Денес за вас подготвивме неколку загатки кои ќе ви го тестираат мозокот и ќе ви го проверат нивото на стрес. Можеби никогаш не би можеле да ги решите, но којзнае?

1. Маж живее на 17-ти кат. Тој се вози со лифт само кога надвор врне или кога со него оди некој комшија. Ако времето е сончево или е сам во лифтот, тој ќе се вози само до 9-ти кат и понатаму оди пешки. Зошто?

1-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Овој маж е многу низок. Може да го дофати копчето за 17-ти кат само кога носи чадор или кога ќе му помогне некој комшија.

2. Неколку луѓе се замолени да прескокнат молив кој се наоѓа на подот, но никој не можел да го направи тоа. Зошто?

2-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Моливот се наоѓал покрај ѕид.

3. Како да фрлите тениско топче и тоа да се врати назад кон вас?

3-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Фрлете го нагоре.

4. Маж се врти и превртува во креветот, бидејќи не може да заспие. Го зема телефонот, се јавува на некој број и после неколку минути конечно може да заспие. Зошто не можел да заспие пред тоа?

4-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Соседот во станот до него гласно рчел, но престанал кога го разбудило ѕвонењето на телефонот.

5. Еден хотел има 7 ката. Четири луѓе се на приземјето и на секој нареден кат има плус уште двајца. Кој кат најмногу го повикува лифтот?

5-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Приземјето.

6. Во Африка, компанијата „Најк“ западнала во проблем – многу нивни обувки биле украдени. Што ќе направи компанијата за да ја спречи кражбата, а притоа да не потроши пари на сигурност?

6-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    „Најк“ ќе отвори уште една фабрика и ќе започне да произведува леви и десни обувки одвоено.

7. Кога гледаме во бројот 2, а го читаме како 14?

7-14-najteshki-logichki-zagatki-koi-samo-8-od-lugjeto-na-svetot-mozhe-da-gi-reshat-www.kafepauza.mk_

  • Решение

    Кога гледаме во часовникот.

Продолжете на следната страна за преостанатите загатки и обидете се да го откриете точниот одговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар