14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Изгледа дека досега никој не успеал да открие што навистина сакаат жените. Постојат многу стереотипи и митови во врска со нив во кои веруваат многумина. Но со помош на разни експерименти и истражувања, научниците откриле дека не сите популарни верувања се совпаѓаат со реалноста. Па, погледнете кои се најпознатите стереотипи и митови за жените кои науката ги побила.

1. Жените мораат да сакаат деца

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Постои мислење дека жените ги сакаат децата поради нивниот мајчински инстинкт, и тоа без разлика дали се нивни или на некој друг. Но едно истражување од Калифорнија решило да го провери бројот на поплаки за однесувањето на децата од страна на муштериите во кафетериите и рестораните за брза храна. Се покажало дека за 9 жени кои се жалеле, имало само еден маж кој се пожалил за вревата и плачењето од децата. Ова може да се објасни со фактот дека жените најчесто обрнуваат повеќе внимание на децата. Покрај тоа, професор Рос Парк од САД, открил дека татковците многу почесто им зборуваат на нивните новороденчиња за разлика од жените. Исто така, мажите совршено разбираат што значи плачењето на нивното дете.

2. Жените се помалку паметни

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Научниците веруваат дека жените ја претставуваат нормата, односно нивните интелектуални способности ретко се превисоки или прениски. Пред неколку години било објавено истражување засновано на тестови решавани од страна на студенти во САД. Во просек жените се наоѓале на средината, додека мажите биле и на врвот и на дното на скалата за оценување. Поради ова, се покажало дека интелектот во просек е повисок кај жените.

3. Жените потешко поднесуваат физичка болка

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Психолозите веруваат дека жените се поиздржливи и покрај тоа што мажите имаат природен ублажувач на болката – тестостеронот. Жените имаат помалку од него, но подобро ја поднесуваат болката. Исто така мажите губат свест 10 пати почесто од жените кога ќе видат крв. Најверојатно ова е објаснето со фактот дека жените редовно гледаат крв, па не ја сметаат за нешто екстремно.

4. Жените се полоши работници од мажите

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Се верува дека мажите се подобри работници, па поради ова имаат повисоки плати. Едно истражување од САД покажало дека навистина постои полова нееднаквост кај аплицирањето за работа. Истражувачите испратиле идентични апликации во разни универзитети, каде што на едната имала машко, а на другата женско име. Резултатите покажале дека мажите биле одбирани почесто.

Жените долго време докажуваат дека на работните места каде што не се мери физичката работа, и двата пола се еднакви.

5. Жените полесно се плашат

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Според истражување на германскиот научник Фриц Риеман, жените поретко ги препознаваат ризичните ситуации и полесно им е да направат нешто храбро без многу размислување. Истовремено жените се поподготвени да го надминат нивниот страв ако успеат да откријат што е.

6. Жените сакаат светкави работи

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Најверојатно ако жената облече фустан со чипка, тоа би значело дека ја сака чикпата. Но кога ќе размислите подобро, сите фустани, чевли и чорапи пред сè ги сакаат мажите. Погледнете што носат повеќето жени по дома – удобни тренерки, пижами или обични маички.

7. Во светот има повеќе мажи отколку жени

14 стереотипи за жените кои се побиени од науката, но во кои сè уште се верува

Во просек се раѓаат 100 девојчиња за секои 107 родени момчиња. Овде не се земаат предвид државите како Кина и Индија каде што нееднаквоста е создадена вештачки. Научниците тврдат дека во изминатите 50 години се појавил дефицит на жени, што може да се почувствува во речиси секоја држава. Дури и во држави каде што преовладува женскиот пол, ова може да се објасни со фактот дека морталитетот кај мажите е повисок.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар