14 карактеристики што покажуваат дека можеби сте родени со повисока фреквенција

Сè во универзумот вибрира на одредена фреквенција, а овие вибрации му го даваат уникатното постоење, прегледноста и опипливоста. Секој прекин во оваа фреквенција ја прекинува деликатната врска на предметот и универзумот и го прави да постои на повисока димензија.

14 карактеристики што покажуваат дека можеби сте родени со повисока фреквенција

Луѓето се обидуваат да ја достигнат оваа повисока димензија уште од појавата на првите јогини. Оваа повисока димензија може да биде наречена мокша или нирвана. Постојат некои знаци кои покажуваат дали некој е подготвен за оваа транзиција. Овие знаци, ако постојат кај некого, покажуваат дека таа личност не е за овој „земски“ и секојдневен свет. Наместо тоа, таа мора да медитира и да постои на повисоко ниво. Знаците во продолжение го покажуваат токму тоа. Ако се пронајдете во барем две од нив, имате големи шанси да ја зголемите вашата фреквенција со доволно тренирање, јога и медитација.

1. Се чувствувате како талкач кој бара да се држи за нешто за време на бурата. Постојано барате партнер, сопружник или силно семејство.

2. И покрај вашата интелигенција, никогаш не сте задоволни со резултатите што ги постигнувате. Мислите дека секогаш можете подобро.

3. Често слушате гласови од битија од други светови.

4. Емоционално сте непостојани. Цело време осцилирате помеѓу вашите чувства и емоции.

5. Вашите моменти на свесност и целосна јасност не траат долго, но се одлучни.

6. Вашите соништа се живи и јасни. Тие се како визии, но и демони со кои треба да се борите, како и инспирација да продолжите со борбата. Понекогаш ве заморуваат и ве плашат, а понекогаш навистина уживате во нив.

7. Кога ќе се поврзете со некого, го правите тоа силно. Како да сте ја сретнале вашата сродна душа. Без разлика дали станува збор за семејна или романтична врска, вие се поврзувате како да ќе нема утре. Но, исто така кога отстранувате некој од вашиот живот тоа го правите безмилосно. Кога сакате некого, сакате со целото ваше битие.

8. Времето за вас е парче облека што го диплите. Многу е опипливо и материјално. Вашата перцепција за времето е транспарентна и брза во споредба со другите.

9. Верувате во слободна волја и предодреденост. Знаете дека ве чекаат прекрасни и големи работи, но во исто време мора да ги донесете вистинските одлуки за да стигнете таму.

10. Вашиот инстинкт никогаш ве нема изневерено, а вашата интуиција е многу силна. Можете да ги прочитате намерите на другите од говорот на нивното тело. Бидејќи вашата интуиција секогаш е во право, постојано ѝ верувате и ја слушате.

11. Луѓето природно се привлечени кон вас. Причината за ова е тоа што вие сте роден лидер, полн со харизма. Другите често бараат совети и помош од вас. Оставате силен впечаток кај сите и лесно можете да ги манипулирате. Но, речиси никогаш не го користите ова влијание себично.

12. Мудроста и свеста кои луѓето се обидуваат да ги постигнат целиот живот со вежбање и медитација се со вас уште од вашето детство. Како резултат на ова, често се чувствувате како странец и сами, оддалечени од вашите пријатели и познаници.

13. Вие сте природно мотивирана личност. Позитивни сте и имате надеж. Ова ви помага да го направите светот подобро место за вас и за вашите сакани. Вие сте среќна личност која сите ја сакаат.

14. Ретко се разболувате. За разлика од другите кои може да настинат, да го фатат сезонскиот грип или да се соочат со какви било здравствени проблеми, вие сте природно здрава личност. Имате силен имунитет и се обидувате да го зачувате таков. Добро се грижите за себе.

Дознајте кои се фреквенциите кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар