13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец - Part 2

13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец

8. Во Јапонија луѓето забележуваат детали

Поглед под око или мавтање со раката нема да помине незабележано во Јапонија. Ако вашиот глас звучи дури и малку невообичаено, тие веднаш ќе ве прашаат дали сте добро. Тука на луѓето дури не им се потребни ни зборови за да ја разберат информацијата или да го предвидат вашето барање или желба.

13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец

Жена од странство може долго да му објаснува на Јапонец дека го сака, но тој тоа ќе го разбере само тогаш, кога на пример, ќе му направи чај по специјален рецепт или ќе го исече овошјето на специјален начин, само за него. Дури и напуштањето на нејзината земја и сите пријатели и роднини не е доволен доказ.

9. Јапонците не може да си помагаат меѓусебно додека работат

Во Јапонија не смеете да ја завршите работата наместо некој друг. Овде работата ве прави вистински припадник на општеството и ако го соберете ѓубрето што го собира ѓубреџијата или ако му помогнете на поштарот, тоа може да се протолкува, не како помош, туку како обид да се земе нечие работно место.

10. Нема да може да користите канти за ѓубре

Во Токио речиси и нема канти за ѓубре, па луѓето го фрлаат ѓубрето во вреќи кои подоцна се отстрануваат од службите. Ова е поради тоа што во 2000 год. кантите за ѓубре беа често минирани при терористички напади, и како резултат на тоа, многу луѓе загинаа. Многу Јапонци повеќе сакаат да го однесат ѓубрето дома и таму да го фрлат. Тие исто така, пушат само на дозволени места, па така нема ниту проблеми со отпушоци.

11. Вообичаено е жените да се помалку платени работници од мажите

Патријархатот е многу силен во оваа земја. Никој тоа не го промовира јавно, но сите знаат дека жената треба да седи дома и да се грижи за децата. И, ако жените се одлучат да градат кариера, тогаш тие мора да се помират со фактот дека ќе бидат помалку платени од мажите, за истата работа. Ова е причината поради која голем број девојки се одлучуваат да формираат сопствени компании со свои правила.

Но, приказната има и друга страна: по венчавката жената е задолжена за семејството и куќата. Таа контролира сѐ, па дури и износот на пари што сопругот може да го потроши. Овде, Јапонците често им ги даваат сите пари што ќе ги заработат на нивните жени кои не заработуваат.

12. Има традиција на посетување барови со шефот

Посетувањето барови со шефот е традиција во Јапонија. На тој начин тие градат стабилна врска со нивните тимови. Канцелариските работници се во некој вид ропство: ако не отидат во бар се аутсајдери во тимот, што е застрашувачко за нив. Ако некој од колегите не сака да оди, никој не го тера. Но, ако одбијат ќе мора да ги следат сите правила на јапонско однесување за да не го навредат шефот, затоа што тој ги кани сите да се забавуваат и плаќа за тоа.

13. Во Јапонија луѓето не се платени за прекувремена работа

Ако луѓето во одредена компанија често работат прекувремено и остануваат во канцеларијата и по завршувањето на работното време, тоа не им пречи. Платата на административните работници зависи од тоа колку долго работат во компанијата, а не од тоа колку добро работат. Па така, може да добиваат нови задачи секојдневно или една иста задача да ја извршуваат неколку дена, преправајќи се дека напорно работат. Многумина од нив, ја избираат втората можност.

Мислите ли дека би можеле да ги прифатите овие правила и да живеете според нив?

Ако сакате да дознаете уште за оваа култура, прочитајте и за 5-те правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар