13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Постојат некои факти за кои сме целосно убедени дека се вистина. Но многу од овие факти се всушност лажни митови. Во продолжение прочитајте за 12 вакви митови, но и за вистината што се крие зад нив. За колку од нив верувавте дека се вистинити?

1. Во минатото луѓето умирале пред да наполнат 30 години

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Во праисториските времиња, просечниот животен век бил околу 30 години. Но, ова не значи дека сите луѓе умирале на 29 години. Високата стапка на смрт кај децата го направила просечниот животен век многу пократок. Луѓето често живееле многу подолго од 30 години.

2. Луѓето голтаат 8 пајаци годишно

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Повеќето предатори не напаѓаат нешто што е многу поголемо од нив. Покрај тоа, пајаците се навистина чувствителни на топлина и вибрации, па не им се приближуваат на луѓето намерно. Овој страшен број се појавил откако во 1993-та година бил објавен текст на Лиса Холст, во кој измислувала „факти“ со цел да покаже колку луѓето се лековерни.

3. Молњата не удира два пати на исто место

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Спротивно на популарното верување, молњата може да удри на истото место два пати. Покрај тоа, според статистиката ова не се случува многу ретко.

4. Неопходно е да пиеме 8 чаши вода дневно

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Ако се обидувате да пиете повеќе вода, но 8-мата чаша ви оди навистина тешко, не мора да ја пиете. Тоа значи дека веќе сте се напиле доволно вода, а 8 чаши не е универзален број. Важното нешто е да пиете вода кога ќе почувствувате жед. Истражувањата покажале дека мозокот го прави голтањето потешко кога количеството вода го исполнува капацитетот на телото.

5. Не треба да пливате 30 минути после јадење

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Пливањето после јадење нема да направи повеќе штета од пешачењето после јадење. Спротивно на популарното верување, ова нема да ви предизвика грчеви. Најлошото што може да се случи е да почувствувате гадење.

6. Една година од животот на кучето е еднаква на седум човечки

13 популарни митови во кои некои од нас сè уште веруваат

Ако сакате да пресметате колку е старо вашето куче во човечки години, не треба да се потпирате на овој принцип. Всушност, сè зависи од расата и големината на вашето милениче. Овој мит се појавил благодарение на математичките задачи од 60-тите, кога децата требало да ја пресметаат возраста на кучињата користејќи го овој принцип.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар