13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Понекогаш имате само неколку минути одмор во денот, а понекогаш не знаете што да правите по цел ден. Во овие моменти сакате само да се опуштите и да не размислувате за ништо. Но, доколку повеќе ја сакате рекреацијата отколку релаксацијата, тогаш погледнете ги овие веб-сајтови кои имаат само една задача: Да тепате време на Интернет.

1. Пукање обвивка со воздушни балончиња

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Mariemarie е едноставен веб-сајт кој ви дозволува да ја правите омилената активност: Да пукате воздушни балончиња на пластичните обвивки за пакување. Единствените маани се што нема тактилно чувство како вистинското пукање на балончињата, што е и главната причина зошто луѓето го прават тоа, и звукот на пукањето е доста гласен. Но, затоа има и една голема предност: Играта нема крај и можете постојано да пукате нови обвивки.

2. Правење цртани филмови

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Dvolver е бесплатен веб-сајт кој ви овозможува да правите анимирани филмови со селекција на најразлични ликови, позадини, сценарија и да куцате наративи и текст за ликовите да зборуваат. Кога ќе биде готова, анимацијата можете да ја испратите до вашите пријатели по имејл и што е најдобро, не мора да основате свој профил за да почнете со користење.

3. Посакување желба

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Push A Wish е веб-сајт кој ви дава шанса да посакате желба додека паѓа ѕвезда. Креаторите велат дека за да ви се исполни желбата, сѐ што ви е потребно се ѕвездата и облаците. Сајтот ви честита секогаш кога вашата ѕвезда ќе падне и ви нуди опција да се обидете уште еднаш.

4. Играње со вода

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

WebGL Water е веб-сајт што се состои од мал сад полн со вода и топка која плови во него. Им дозволува на луѓето да ја ротираат камерата во која било насока, да ѝ пркосат на гравитацијата, да ја насочат светлината и да ја паузираат анимацијата. Играјте со топчето за да слушнете реалистични звуци на вода која прска наоколу.

5. Покажување лице

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Turn Your Name Into A Face е веб-сајт кој зборува сам за себе, опишувајќи ја својата цел совршено. Едноставно внесете го своето име или името на своите пријатели и тоа ќе го претвори во смешно, пикселирано лице.

6. Играње со топчиња

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Ball Pool е веб-сајт со едноставна игра каде треба да ги движите топчињата по екранот. Примитивна, а сепак забавна, оваа анимација сигурно ќе ви помогне да потрошите неколку минути од времето.

7. Слушање на звуците на дождот во кафуле

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Rainy Cafe е веб-сајт кој се состои од кафуле во кое седите и пиете некој освежувачки пијалак додека го слушате дождот. Можете слободно да го менувате волуменот на различните звуци.

8. Цртање неонски вртлог

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Neon Flames е необичен веб-сајт кој ви овозможува да создавате неонски вртлози со помош на 8 бои и екстензивен сет од параметри. Можете да го зачувате свето дело со симнување на цртежот.

9. Чувство како да сте хакер

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

HackerTyper е веб-сајт кој ќе ви помогне да изгледате како хакер, програмер и компјутерски гениј преку интересен хакерски симулатор и екран со кодови. Сѐ што треба да направите е да куцате рандом букви, бројки и симболи.

10. Неактивност

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Do Nothing For 2 Minutes е веб-сајт кој ви овозможува да ги слушате морските бранови на 2 минути и да го одморите мозокот од напорната работа.

11. Цртање со песок

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

This is Sand е веб-сајт кој ви дозволува да создавате неверојатни пејсажи со песок. Притиснете го левото копче на глувчето за да создадете одредена количина песок и да цртате со неа со тоа што двојно ќе кликнете.

12. Лупање врата

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Big long now е сервис создаден за оние луѓе кои сакаат да ги смират нервите со тоа што силно ќе ја затворат вратата.

13. Направете сѐ да е во ред

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Ова е веб-сајт кој ви овозможува со кликањето на едно копче да го подобрите квалитетот на животот. Пробајте. Можеби некогаш навистина ќе функционира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар