13 мажи ги споделуваат најдобрите цитати од љубовните писма на поранешните девојки

Љубовните писма не се заборавени. Всушност, многу луѓе сè уште им пишуваат љубовни писма на саканите. Сепак, не е секогаш лесно да се напише вакво писмо. Дури и на писателите одвреме-навреме им е потребна инспирација. Па, погледнете некои од најубавите цитати што група момци ги издвоиле од љубовните писма на поранешните девојки.

13 мажи ги споделуваат најдобрите цитати од љубовните писма на поранешните девојки

1. Од девојка чиј дечко ѝ помогнал да ја надмине зависноста од хероин

„Дури и ако ти не се гледаш на овој начин, јас те гледам како херој. Ме спаси од мене.“

2. Кратко и слатко

„Навистина ми се допаѓа твојот задник.“

3. До момче со ниска самодоверба

„Само кога би знаел колку многу те сакам. Навистина сакам да се видиш на начинот на којшто те гледам јас.“

4. Нема потреба од дополнително објаснување

„Ти си неверојатен љубовник и со тебе доживувам оргазми како со никој друг.“

5. Искрено и од срце

„Брат, те сакам.“

6. Извадок од писмо пред раскинувањето на парот

„Не знам дали ќе завршиме заедно. Не сакам да кажувам што ќе се случи во иднина. Сепак, знам дека секогаш ќе имаш делче од моето срце. Толку си ми важен.“

7. До ниско момче – писмо што направило да се чувствува големо

„Дури и ако сум повисока, секогаш гледам нагоре кон тебе.“

8. До момче што ја изгубило работата

„Можеме заедно да создадеме нешто. Можеме да создадеме свет во кој сме во ред. Можеби немаме пари, но сепак сме богати бидејќи се имаме еден со друг.“

9. Повеќето мажи сакаат да слушнат дека предизвикале промена кај девојката

„Ноќта кога прв пат ме зема од барот ми го промени животот. Сега сум поразлична благодарение на тебе.“

10. Девојката која го напишала ова писмо набрзо потоа умрела од рак

„Знам дека нештата можеби не се совршени сега, но многу ми значи тоа што те имам во мојот живот.“

11. Необичен избор за омилен цитат

„Навистина не знам дали да ти купам цвеќе или не. Не знам како би се чувствувал. Но, преправај се дека ова писмо е цвеќе ако сакаш.“

12. Единственото писмо кое го добило ова момче било за раскинување

„Навистина не можам повеќе. Извини.“

13. Од новата девојка до момчето што страдало по бившата

„Твојата бивша е идиот.“

Прочитајте ги и љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат вистинска бура од емоции.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар