13 карактеристики на зрелите мажи

13 карактеристики на зрелите мажи

Жалосно е што 30-годишни мажи знаат да се однесуваат како размазени тинејџери, што резултира со пропаднати љубовни врски, изгубени пријателства и работни места. Вистината е дека кога ќе влезете во 20-тите години од вашиот живот би требало да знаете да се однесувате како возрасни, зрели мажи.

Зрелите мажи зрачат со самодоверба, сила и искуство. Ова се дел од карактеристиките на зрелите мажи.

13 карактеристики на зрелите мажи

1. Не дозволуваат стравот да им го попречи патот до успехот

Зрелите мажи нема да останат во безбедната зона поради стравот од неуспех или одбивање. Зрелите мажи преземаат ризици и се водени од нивната нескротлива желба за успех и унапредување. Ќе аплицираат за работното место иако им се чини дека некој од нив бара да имаат натприродни моќи, ќе се ангажираат да направат нешто иако тоа од нив ќе бара непроспиени ноќи. Може целиот труд да биде залуден, може да не го добијат признанието кое го заслужуваат, но стравот од неуспех нема да им биде примарна мисла.

2. Не прават нешто само за да ги импресионираат другите

Преземањето акции само за да се импресионира некој, е типична карактеристика на мало дете кое сака да го привлече вниманието на својата симпатија. Зрелите момци сè што прават, прават за себе, а не со цел да ги импресионираат оние околу себе.

3. Не креираат совршена слика за жените во нивните умови

Не ја замислуваат својата идна жена како излезена од филм, со големи гради, плава коса и малу мозок. Напротив, тие за себе ќе сакаат жена која има маани како и тие самите, жена со која заедно ќе поминат низ сите проблеми во животот. Нивната девојка/жена треба да се мери со нив на интелектуално ниво и паралелно со него да ја гради својата кариера.

4. Не дозволуваат другите да ги газат како черги

Нема да заборават на своите желби и потреби, како и на своето време, само за да ги задоволат желбите и интересите на другите. Зрелите мажи знаат кога да кажат „не“ и нема да дозволат игрите со зборови и чувства што манипулативните луѓе ги користат, да влијаат на нив.

5. Не чуваат гнев

„Чувањето гнев во себе е како да пиеш отров за да чекаш другиот да умре.“ – Буда

Зрелите мажи се емоционално интелигентни. Секако дека ќе се соочат со кавги и несогласувања, но знаат како да постапат и како да не дозволат гневот да надвладее со нивните размислувања и постапки. Тие нема да чуваат гнев и омраза во себе, кроејќи план за одмазда бидејќи знаат дека нема фајде од тоа и не им доликува на возрасните.

6. Не чувствуваат несигурност за својот надворешен изглед

Секако, на моменти може да бидат доста свесни за своите маани, но нема да се фокусираат на таквите размислувања. Напротив, тие ќе ги претворат своите маани во позитивности и фокусот ќе го стават на своите јаки страни.

7. Не се оддалечуваат од своите семејства

Секогаш се тука во неволја и знаат дека семејството е на прво место. Исто така ќе се постават со своите жени и деца во иднина.

8. Не дозволуваат да бидат злоупотребени и искористени

Нема да дозволат вербално или физичко малтретирање во друштво или на работното место. Знаат кога да повлечат граница и да го одбранат своето достоинство.

9. Не се жалат за условите во кои се наоѓаат

Нема да го озборуваат својот шеф кој не им дава унапредување и нема да цимолат за тешките околности во кои се наоѓаат во моментот. Ќе се борат и ќе работат дури да направат тешкото да мине.

10. Џентлмени се

Знаат како да се однесуваат со девојки и жени, но и со луѓето општо. Нема да употребуваат џентлменски гестови само за да „ќарат“ женска, туку џентлменството е нивна општа карактеристика.

11. Не се плашат да преземат акција и да донесат тешки одлуки

Напротив, знаат дека ако се соочуваат со тешка ситуација значи дека вреди да се трудат а доколку треба да донесат тешка одлука ќе се стават себеси на тест и со задоволство ќе го прифатат предизвикот.

12. Не поставуваат нереални цели

Нема да ги чуете како по цели денови седат на кафе и фантазираат како ќе бидат идни светски познати милијардери. Зрелите мажи се силни на дела, не на зборови, знаат да сонуваат но и знаат да работат за да го остварат својот сон.

13. Не се постојано фокусирани на задоволување на сопственото его

Нема да ги редат девојките како трофеи туку ќе се фокусираат на зрела љубовна врска. Нема да трагаат по комплименти и признанија за да се чувствуваат подобро за себе и со сигурност нема да се однесуваат како газди само за да си ги излечат комплексите. Егото не им е примарен фокус на зрелите мажи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар