13 факти за женското тело

Автор: Сара Турановиќ

Сигурно многупати сте се запрашале дали вашиот организам функционира како и на другите луѓе. Ви ги откриваме најважните анатомски и функционални параметри на просечното женско тело.

13-fakti-za-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

1. Вашата коса

Во просек, на сите жени дневно им опаѓаат по 100 влакна, па затоа после миењето на косата во кадата остануваат куп влакна. Доколку губите поголем број, обратете се кај дерматолог. Поголемото опаѓање на косата може да биде предизвикано од несоодветна исхрана, стрес, нарушување на работата на тироидната жлезда и хормонални промени.

2. Големината на градникот

Просечната големина за нашето поднебје е 80, што претставува зголемување за еден број во однос на периодот пред една деценија. Ова е последица на честата дебелина и поголемиот број пластични операции.

3. Вашата глава

Една до две главоболки месечно се просечни. Главата ве боли почесто? Обратете се кај вашиот лекар, и немојте да земате лекови сами бидејќи така може да предизвикате почести главоболки.

4. Вашите очи

На секоја трета личност ѝ се потребни диоптриски очила. Експертите велат дека проблемите со видот се многу изразени, а причините се поради напрегањето во текот на напорната работа пред компјутер. Најдобар совет? На секои 15 минути, свртете го погледот од компјутерот и гледајте во друго место најмалку 30 секунди.

5. Вашите заби

Секоја четврта жена има проблем со кариес. Поголемиот дел од нас, доколку не чувствуваме болка мислиме дека нашето орално здравје е ОК и дека не постои проблем со кариесот. Но, тоа не е точно, а проблемите може да се воочат само со преглед кај вашиот стоматолог. Затоа, редовно посетувајте го вашиот стоматолог, што ќе ви помогне да реагирате во раните фази на расипување на забите.

6. Вашите колкови

Просечниот обем на една млада жена изнесува 103,6 см. Поголем дел од жените добиваат плус 5 см до својата 65 година. Но треба да знаете дека поголемото масно ткиво на вашите колкови е поздраво за вашето срце отколку тоа да е на вашиот стомак.

7. Вашиот струк

Просечниот обем на една млада жена изнесува 86,3 см – што е за 2,54 см од границата за зголемен ризик од срцеви заболувања. Ефикасен начин да го намалите обемот е со зголемена физичка активност.

8. Вашата висина и тежина

Просечната висина на денешната жена е 164,5 см, а тежината 65,4 кг. Ова значи дека сме за 5 см повисоки од претходните генерации, но затоа сме и потешки за 3 килограми во однос на претходните 5 децении. Зошто? Одговорот е едноставен. Поголеми порции, нездрава исхрана и намалената физичка активност.

9. Вашето срце

Пулсот на здрава жена изнесува од 60 до 80 отчукувања во минута (во состојба на мирување). Сите вредности под долната граница се нездрави. За да го измерите пулсот ставете го показалецот, средниот и домалиот прст на внатрешниот дел на рачниот зглоб и мерете ги отчукувањата 6 секунди, а потоа помножете го бројот со 10. Шетањето со побрзи чекори, пет дена во неделата може да ја подобри работата на срцето.

10. Вашиот целулит

Опуштете се! Дури и 80% од жените имаат целулит на одредени делови од телото, вклучувајќи ги и слабите девојки.

11. Вашата менструација

28 дена – тоа е просечниот периметар кој експертите го користат кога препишуваат контрацепција. Но таков менструален циклус имаат само 10% од жените. Здравиот циклус може да биде од 21 до 35 дена (броејќи од првиот ден на крварење до денот пред наредната менструација). Ако планирате да останете бремени, а вашиот циклус е пократок или подолг од наведениот, побарајте совет од вашиот гинеколог.

12. Вашите физиолошки потреби

Просечно здравата жена уринира седум пати дневно. Урината треба да биде бледо жолта и бистра. Доколку не е така, би требало да пиете повеќе вода. Во случај ако мокрите повеќе од седум пати, а притоа чувствувате пецкање, тогаш можеби станува збор за инфекција. Пијте се чаша вода пред сексуалниот однос, а уринирајте после него.

Научниците велат дека жените вршат голема нужда повеќе од мажите, а на неделно ниво тоа би било 8,2 пати. Храната богата со билни влакна и две литри вода дневно би можеле да ја условат редовната дефекација. Доколку почесто вршите нужда во текот на еден ден или пак имате дијареја повеќе од шест недели, задолжително јавете се кај вашиот лекар.

13. Вашите депресивни денови

Во просек, жената се чувствува депресивно четири дена од месецот. Таквите расположенија се нормални и најчесто се последица од промената на нивото на хормоните. Сепак, ако сте депресивни повеќе од две недели, па и подолго а триковите за подигање на расположението – дружењето со пријателите и физичката активност – не помагаат, обратете се кај психолог.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар