13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаат

13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаат

Многу работи поврзани со сексот треба допрва да се истражуваат, многу работи се познати, а меѓу нив има и некои кои се доста интересни и малкумина ги знаат.

13 брзи и интересни факти поврзани со сексот кои малкумина ги знаат

1. Освен гениталиите и градите, единствен друг дел од телото кој набрекнува при сексот е слузницата на носот.

2. Луѓето не се единствените кои уживаат во оралниот секс. Тоа го прават и гепардите, хиените и козите.

3. Лекарот Ханс Јоаким Веке во 1609 година во Болоња имал пациент со два пениса. Оваа појава е позната како дифалија и оттогаш се познати само уште стотина такви случаи.

4. Глувците можат подалеку да ја исфрлат спермата од слоновите.

5. Казната за мастурбирање во Индонезија порано била отсекување на главата.

6. Сите цицачи имаат коска во пенисот. Само луѓето ја немаат.

7. Иако имала многу љубовници, се претпоставува дека Мерлин Монро првиот оргазам го доживеала дури при крајот на животот со својот психијатар.

8. Сексот меѓу луѓето трае во просек по 7,3 минути, а меѓу комарците само две секунди.

9. Зборот „авокадо“ потекнува од ацтечки збор кој значи „тестис“. Ацтеките сметале дека овој плод има голема еротска моќ и затоа не им дозволувале на девиците да се приближуваат до него.

10. Импотенцијата во стариот Вавилон се лечела со срце од еребица.

11. Прељубата во стариот Рим се казнувала со отсекување на носот.

12. Припадниците на племето Ченчу кое живее во Индија сметаат дека детето ќе биде слепо ако се зачне по полноќ.

13. Казанова користел кондом од ленена ткаенина кога водел љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар